Се што досега не сте знаеле: Која е целта на запрашувањето?!

Планетата е отровна и понатаму се труе – секојдневно. Никогаш не сме биле по болни и по уморни: главоболки, несвестици, проблеми со кожата, слабост, проблеми со дишните патишта, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, мултиплекс склероза, тумори, метали во воздухот, бариум сулфат, алуминиум … Луѓето стануваат нервозни, депресивни, рамнодушни  и насилни. Се живо на планетава е погодено со запрашувањето: животните, дрвата инсектите…Еден навистина добро обработен текст на оваа тема, се појави минатата година на еден словенски сајт под наслов: СЕНЗАЦИОНАЛНО: Откриена е целта на запрашувањето.
На оние кои  ги интересира што се случува со секој од нас, со опстојувањето и природата на планетата во моментов, ќе им биде интересно да го погледнат и прочитаат ова. Ова е всушност резиме на се она што се случуваше во последната деценија, она што овозможува целосна контрола на човечкото тело од далечина.Неверојатно но вистинито: можат да ви ја читаат меморијата, мислите, да го видат она што вие го гледате и да го чујат она што вие го слушате. Всушност, тие можат да ве претворат во човек-робот.
Во современата информатика тоа се нарекува BioAPI или биолошка компонента. Нејзината цел е контрола на умот. Просто и едноставно.

Тоа што го видовте во видеото е нано – робот, кој ги обмотува своите пипки околу невронот, синапсите или нервните мостови. Тоа е всушност симулација, резиме на се она што се случуваше во последната деценија. Она што можевте да го видите овозможува потполна контрола на човечкото тело од далечина.
Нено – роботите овозможуваат снимање електронски активности на поединечни неврони или помала група од нив, без пробив во мозочното органско ткиво.
Која е целта на запрашувањето?
Запрашувањето е логистичка операција од големо значење. Позначајна е дури и од слетувањето на Месечината, и многу е скапа. Најголема грешка можеме да направиме ако помислиме дека запрашувањето има само една цел. За постоењето на запрашувањето постојат барем 5-6 големи причини, а веројатно и повеќе од тоа.
Најзначајните 6 причини се:
Блокирање на сончевото зрачење: стандардна причина која ја „продаваат“ на личностите од политичките кругови, т.е. светските влади, под оправдание дека е потребно тајно да се сопре глобалното загревање.
Блокирање на сончевото зрачење(повторно): намалување на сончевата светлина на целата планета на таен начин наголемо ги смалува приносите. Така вештачки се предизвикува криза во снабдувањето со храна, а луѓето се доведуваат до работ на гладта. Ова е исто така причина за изумирањето на пчелите.
Прегревање на атмосферата: за поттикнување на контролирани земјотреси и урагани (на пример, ураганот Катрина во Њу Орлеанс) атмосферата мора да биде електрично проводна, за системите како што се HAARP,да  можат да ги изведуваат своите чуда. Затоа производите на запрашувањето во својот состав меѓу останатото содржат и бариум и алуминиум кои атмосферата ја прават попроводна.
Нарушување на здравјето: спореден ефект на запрашувањето е оптовареноста и слабеењето на имунолошкиот систем на човекот. Ова не претставува закана за исклучително здравите луѓе. Старите и оние со слабо здравје, во овој случај ќе умираат многу порано, па дури и најмалото нарушување на здравејето за нив може да има фатален резултат.
Промена на временските услови: за поттикнување на растот или уништување на приносот, за одржување ведро небо во важни случувања (како што се на пример Олимписките игри), за создавање на тајфун и сл.
За ширење на нано-влакна: за целокупно сместување BioAPI (нано-робот) во секого, мораат да расејуваат нано – влакна. Ваквите влакна не е можно да се внесат во човекот по пат на исхрана или некој друг начин, бидејќи тоа би траело бесконечно долго за да се опфати цела популација.  По едноставно е луѓето да се запрашат како инсекти, а бидејќи тоа им се случува на сите, лесно се наоѓаат изговори и оправдувања на глобално ниво.

НАНО-ВЛАКНА
Нано ­- влакната се транспортен механизам, ништо друго. Тие се наменети за достава на „корисни материјали.“ Тоа е материјал кој инаку би бил уништен со сончевото зрачење и атмосферата (на пр. Вируси, PHK, алуминиум, нано – компоненти итн) и на тој начин не би стигнал до својата цел (вашето тело). Влакната се скоро безопасни и секој од нас ги има во своето тело.
Зошто?
Тоа е комплицирано прашање. Луѓето кои го создале сето тоа (истите оние кои во човештвото го донесоа ХИВ) се обидуваат да ги совладаат библиските принципи преку технологијата. BioAPI-те (нано-роботите) ги мерат основните потреби на човекот (потреба за храна, сексуални потреби, специфични емоции). Ако резултатите се премногу екстремни (на пример ако премногу јадете) или правите нешто што не е „одобрено“, тогаш донесуваат одлука дека вашиот живот не е доволно вреден за да постоите на планетата или подоцна ве осудуваат. Алтернативно, ве„ додаваат“ во програмата.
Фази на BioAPI (нано – роботи)
Фаза1: Во оваа фаза сме вклучени сите луѓе на планетата земја. Сите во себе имаме нано-влакна и на тој начин е возможно сите да не „поврзат/вклучат“. Несаканите ефекти вклучуваат: чувство на пукање во внатрешноста на главата и иритирачка болка во вилицата. Оваа фаза овозможува потполна контрола на далечина на вашиот говор и мисловни обрасци преку сугестија (потсвесно). Околу 90% од светската популација веќе поминала преку оваа фаза.
Фаза2: Оваа фаза во потполност ќе го загрози вашето здравје, а може да ве убие, или пак само да ве контролира. На оваа фаза не можат да ве присилат како што тоа е случај со првата фаза (технички е изводливо, но тоа се уште не го прават). Втората фаза подразбира разновидни нено-сензори од очни до срцеви сензори како и многу други. Околу 2% од вкупната популација поминале и низ оваа фаза. Ако оваа фаза се активира во вас, ве сметаат за злобни. За втората фаза да се активира во вас мора да направите нешто, како на пример да бакнете одредена личност, да употребувате одредени заеднички производи за нега/шминка и сл. Секое ваше дело можат да го поврзат со некои од смртните гревови. На пример Моргелоновата болест би можеле да ја поврзат со суетата и кожата ќе ви отиде по ѓаволите. Фаза2 овозможува потполна котрола на вашето тело.
Контрола на вашите чувства, мисли, телесни функции и сл. се врши по пат на далечинско управување.
Несакани ефекти на нано-влакната и BioAPI-те
Секој би помислил дека поради поставувањето на нано-технологијата во човечкото тело би дошло до здравствени проблеми и компликации.
Несаканите ефекти се следните:
Фаза 1 и 2 – пуцкање во черепот: овој несакан ефект е познат од 2011 година. За што точно се работи не е познато, но во суштина се работи за чип кој е поставен во вашата глава. Пуцкањето/криковите во черепот се слушаат во текот на ноќта, во просек еднаш месечно и траат само неколку секунди. Тоа е сосема безболно, така што човекот тоа и не го приметува или едноставно го игнорира.
Фаза 1 и 2 – болка во вилицата, главоболка, замор итн. Заситеноста од нано-влакна има различно влијание кај луѓето. Поголемиот број од луѓето не приметуваат ништо, или пак тоа го препишуваат на сметка на стареењето. Оние кои имаат по бурни реакции одат на лекар и таму им дијагностицираат фибромијалгија. Тоа е болест која ја утврдиле пред 10 години, за лекарите да имаат што да им кажат на пациентите кои се жалат на наведените симптоми. Имајте на ум дека основата на зборот фибромијалгија fib(e)r,  (англиски – влакно) ! Тоа не е никаква случајност.
Фаза2 – непрестанато чешање на кожата: воглавно одреден дел од човечкото тело, на пример лакт, почнува непрестанато да ве чеша, многу повеќе отколку останатиот дел од телото.
Фаза 2 – јак мирис: Втората фаза навлегува во човечкото сетило за мирис и тоа така што може да го „прочита/вреже“ специфичниот мирис на одредена личност. Зошто сакаат да знаат што сте помирисале не  е познато.
 Фаза2: – лево око: Во левото око ви ја сместуваат нано – камерата. Личностите со таква камера можат да осетат мал оток во окото кога истото е суво, на пример пред спиење. Ако откриете дека во левото око имате камера, веројатно ќе ви ја преместат во десното око.
Фаза2 – постојан вкус на метал: Овој вкус станува по доминантен пред спиење. Тоа воглавно е најдиректниот доказ дека ве контролираат. Ако сте сосема здрави и не користите никакви лекови, а одеднаш почнете да чувствувате вкус на метал во устата, тогаш ќе знаете дека веќе ве контролираат.
Фаза 2 – Моргелонова болест: Неа може да ја добие секој. Имунолошкиот систем на човекот воопшто неможе да ги регистрира нено-влакната и да ги препознае како такви. Кога организмот при презаситеност, повеќе не може да прифаќа влакна, тој почнува да ги отфрла преку кожата. Кожата пука и така настануваат рани на телото. Технички гледано секој од нас има Моргелонова болест (нано влакна), но симптомите на болеста се јавуваат дури тогаш кога телото се обидува да се ослободи од влакната преку кожата, на единствениот можен начин.

 
Примери на нано-влакна/ BioAPI примери
Во продолжение ќе го наведеме само она основното за да може да се разбере суштината на нано – влакната, повеќе од тоа не ни е потребно.
Прикажани се влакна со зголемување од 200 пати и секој стандарден микроскоп ќе ви овозможи да ги видите таквите влакна. Некои влакна се подвижни, како да сакаат да се движат напред – назад. Сите тие влакна се наоѓаат во вашето тело и мозокот. Влакната се видливи и со голо око под ултравиолетова светлина со одредена телесна должина.

Ова е најневеројатната слика која досега сте ја виделе. Тоа е Фаза 2  – нано камера во левото око. Видлива е само под ултравиолетова светлина со одредена телесна должина. Секој човек на планетата има нано импланти во себе и може да се следи, а на барање може да се контролира и неговиот ум. Така вашето тело без знаење и без ваша волја може да се претвори во робот.

Првата слика поажува влакно пронајдено во езерска вода. Тоа е типично влакно кое можете да го вдишите трчајки во природа или на било кое друго место. „Корисниот материјал“се намалил до непрепознатливост. Влакното е сликано со зголемување од 200 пати во 2010 година. Времето на собирање било околу 300 секунди.

Влакно со друг „корисен материјал“. Следната слика  е зголемена верзија од претходната.

Следните примери покажуваат уште „корисни материјали“ обоени од непозната причина.

Од непознати причини некои влакна се со црвена или сина боја.

Влакно со црвена боја

Ова е пример на најраспостранетите влакна. Долгнавесто и проѕирно, изгледа безопасно.
Сите влакна можат да се видат со стандарден и ефтин микроскоп. Некои влакна се подвижни, како да се растегнуваат, ако ги гледате доволно долго.

 

Тест со помош на црвено вино (Clifford Carnicom)
Потребен материјал:
-плитка пластична чинија
-H2O2 ( водороден пероксид)
 -црвено вино – Мерлот
-мала лажичка за мерење
-паста за заби (што по неутрална, без флуора)
-сад
Постапка:
1) Темелно измијте ги забите.
2) Темелно исплакнете ја устата со вода
3) Во пластичната чинија измешајте 2 мали лажички (10мл.)црвено вино со е1 мала лажичка (5мл.) водороден пероксид
4) Спремениот раствор употребете го како течност за плакнење на устата, и плакнете ја устата точно 5 минути. Растворот мора да достигне до внатрешноста на образите и непцата.
5) После ова растворот плукнете го во пластичниот сад.
6) Внимателно набљудувајте ја плунката, да видите дали во неа има влакна. Бидете спремни на шок. Она што ќе го видите може да ве вознемири. Во плунката има компоненти на нано-патоген, со кој сме сите инфицирани, најверојатно преку запрашувањето.
По ваш избор:
7) Во садот можете да додадете 91% или повеќеизопропил алкохол (ИПА), да ја отстраните црвената боја на талогот која потекнува од виното. Влакната обично испливуваат на површината на алкохолот и пливаат како медузи.

 

Црвено вино

Плунката во лавабото (или некој пластичен сад) со видливи влакна

Ако тестот го повторуваме повеќе пати, особено ако интензивно жабуркаме во устата, ќе се појават нано влакна во облик н кугли. Тестот можете да го повторувате со часови, но нано влакната никогаш нема да престанат да излегуваат од вашето тело.

Погледнете го вашиот јазик! Нано влакната се фаќаат за вашиот јазик.
Тоа е доказ дека со запрашувањето се распострануваат нано-влакната. Ние ги вдишуваме, јадеме и пиеме тие нано влакна. Од тоа не можеме да побегнеме. Влакната од тестот би можеле да ги ставите под микроскоп, но тие се извалкани од виното. Најдобро е едноставно да земете примерок: ставете празна шолја на дожд, и соберете вода со нано влакна кои паѓаат од атмосферата после запрашувањето.
Што ни прават тие луѓе? Зошто ни се случува ова?!
Очигледно е дека нано – влакната во човечкото тело ги внесуваат нано роботите, односно компонентите. Но зошто сето тоа? – За да можат да не контролираат, ете затоа. Можат да ви ја читаат меморијата, мислите, да го видат она што вие го гледате и да го чујат она што вие го слушате. Всушност, тие можат да ве претворат во човек-робот. Во современата информатика тоа се нарекува BioAPI или биолошка компонента. Нејзината цел е контрола на умот. Просто и едноставно.

 
Вашиот BioAPI
Вметнат во нечие тело BioAPI може да биде многу моќен. Овозможува контрола на секој маж, жена или дете на оваа планета. Разбирливо е дека на современиот човек му е многу тешко да прифати такво нешто.
Единствената разлика помеѓу фаза 1 и фаза 2 е во фактот дека кај фаза 2, во еден момент привремено се запира вашата свест (или делови од вашата меморија) така што вие не ни чувствувате дека ве контролираат.

Технички достигнувања
Па, колку е моќна таа технологија? Со еден збор “неверојатно” ! Тешко некој може да поверува дека такво нешто навистина постои и дека навистина е можно. Оваа технологија е создадена најмалку еден век пред нашата ера.
ФЕР додаток:
Документарец за „феноменот“ chemmtrails; зборуваат луѓе од светот кои знаат што се случува и кои имаат храброст за зборуваат за тоа. Правени се анализи на примероци од воздугот и почвата. Планетата е отровна и понатаму се труе секојдневно. Никогаш не сме биле по болни и по уморни: главоболки, несвестици, проблеми со кожата, слабост, проблеми со дишните патишта, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, мултиплекс склероза , тумори, метали во воздухот, бариум сулфат , алуминиум …
Луѓето стануваат нервозни , депресивни, рамнодушни  и насилни. Се живо на планетава е погодено со запрашувањето: животните, дрвата инсектите…
Еден навистина добро обработен текст на оваа тема, се појави минатата година на еден словенски сајт под наслов: СЕНЗАЦИОНАЛНО: Откриена е ц

Пронајдете не на следниве мрежи: