Се утврдува дали убиството на Мартин е нарачано

Во 28-годишниот Мартин Јанушев кој беше убиен пред неколку дена во скопската населба Аеродрoм, пукал еден напаѓач, по што избегал.Мотивот, според првичните сознанија на МВР најверојатно е меѓусебно недоразбирањe. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на брифинг со новинарите истакна дека можноста дека станува збор за нарачано убиство се утврдува.
 
На полицијата и е познат идентитетот на напаѓачот. Според шпекулациите во јавноста, убиецот се крие во Србија, но министерот Спасовски рече дека сомнежот е дека сепак е во државата, пренесе МКД.МК.
Досега се сослушани 35 сведоци, земени се снимки од околните камери и изјави од сведоци.
– Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Разговарано е и направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има поврзување со настанот. Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти – рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според МВР, убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање, но дали убиството е нарачано, допрва ќе се утврдува.Мотивот, според првичните сознанија на МВР најверојатно е меѓусебно недоразбирањe. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на брифинг со но

Пронајдете не на следниве мрежи: