Седма Балканска и Црноморска конференција „ДЕНОВИ НА КЛАСТЕРИТЕ 2016“, 22-24.09.2016, Охрид, Македонија

Во хотел Инекс Горица во Охрид, ќе се одржи Седмата Балканска и Црноморска конференција „ДЕНОВИ НА КЛАСТЕРИТЕ 2016“ во периодот помеѓу 22 до 24 септември 2016.Конференцијата на иницијатива на Куќата на кластерите (КК) од Ниш во периодот 2010 – 2012 се одржа во во Ниш, Србија, а веќе во 2013 година, Конференцијата се „сели“ во Софија, Бугарија. Во 2014 година во Текирдаг, Турција, Конференцијата се организира во партнерство со Тракиската развојната агенција (TRAKYAKA), за да веќе во 2015 година во Брашов, Романија, домаќин е Институтот за истражување и развој на Универзитетот Трансилванија во Брашов.Домаќин и главен коорганизатор на „VII Балканско – црноморска меѓународна конференција ДЕНОВИ НА КЛАСТЕРИТЕ“ во Охрид, Македонија е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ).Главни партнери на конференцијата се Одделението за индустриска политика во Министерството за економија на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, како и Машинскиот факултет, при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“. Покровител на Конференцијата е Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.Целта на Конференцијата е да даде придонес кон:- одржливиот економски развој базиран на кластерите во Балканско-Црноморскиотрегион (во понатамошниот текст БЦМР);- подобрувањето и унапредувањето на постојните национални и регионалниполитики за кластери во БЦМР;- меѓукластерското поврзување, поддржувајќи ги меѓусебните односи помеѓубизнисите и купувачите, промоција и интернационализација на кластерите во БЦМР со цел да се зајакнат иновативноста и конкурентноста во регионот;- јавно-приватниот дијалог и создавање партнерства во областа на стратешки развојна кластери во БЦМР;- подобро разбирање и соработка помеѓу академскиот сектор (универзитетите иинституциите за истражување и развој) и бизнис секторот во БЦМР.Се очекува новите знаења кои ќе се разменат и надградат на Конференцијата да придонесат за:- социјално балансиран економски развој и создавање работни места во БЦМР,- развој на деловна околина погодна за раст на мали и средни претпријатија (МСП) базиран на концептот на кластери,- воспоставување на јавно – приватен дијалог и поддршка на бизнис организациите (кластери, комори, асоцијации, синдикати, бизнис клубови, и.т.н.) кои ги застапуваат интересите на МСП,- засилена поддршка на МСП во БЦМР преку поддршка на развој на кластерите, услуги за развој на бизнисите и финансирање на МСП,- ефективен трансфер на знаењето и економски развој базиран на концептот на кластери во развиените земји и земјите во транзиција,- поквалитетно транснационално меѓукластерско вмрежување,- ефикасен пристап до развојните фондови.На Конференцијата учествуваат околу 150 гости од повеќе од 20 земји (од САД, Германија, Данска, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Холандија, Франција, итн.). На Конференцијата поголем фокус ќе биде ставен на директни средби и разивање на можности за соработка на македонските кластери и компании со кластерите од регионот.Конференцијата на иницијатива на Куќата на кластерите (КК) од Ниш во периодот 2010 – 2012 се одржа во во Ниш, Србија, а веќе во 2013 година, Конфер

Пронајдете не на следниве мрежи: