Седум хулигани заработија кривични пријави за сквернавењето на споменици и објекти во Скопје

Седум лица заработија кривични пријави за сквернавењето на објектите и спомениците во Скопје, за време на протестите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“, а зад кои стојат СДСМ и Сорос.Како што информира МВР, П.Б. се товари за извршени две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ на 18.04.2016 и 30.05.2016 година, додека лицата М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. сите од Скопје и А.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за извршено едно кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ на 30.05.2016 година.
Првото кривично дело е извршено за време на одржување на ненајавени протести организирани од страна на група граѓани-граѓанско здружение „Протестирам“, на 18.04.2016 година од 18:00 часот до 21:00 часот, кога протестот се одвивал на просторот испред Зграда на Министерство за култура на Република Македонија лоцирано на ул. Мирослав Крлежа бр. 61, Скопје, кој објект е значајно културно наследство. Имено, П.Б. кој активно учествувал на протестот, со намера да нанесе штета, употребил повеќе балони наполнети со боја кој ги фрлал во правец на Министерството за култура на Република Македонија каде ги оштетил надворешните ѕидови – фасада на зградата.
Од страна на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија кои биле ангажирани на обезбедување на протестот пред Зградата на Министерството за култура, доставен е снимен видео материјал од одржаниот протест. Врз основа на извршениот увид во снимениот видео материјал, идентификуван е прво пријавениот како учесник во толпата на одржаниот протестен собир.
Второто кривично дело, извршено од страна на претходно пријавениот П.Б. и М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П., извршено е на 30.05.2016 година од 19:00 до 20:00 часот, за време на одржување на протест пред објектот „Порта Македонија“, лоциран на ул.„11 Октомври“, бр.4А – Скопје, кој објект е недвижно културно наследство-културен споменик, со што причиниле материјална штета околу 3.000 евра во денарска противредност.
Имено, од страна на полициски службеници од СВР Скопје кои биле службено ангажирани за обезбедување на протестниот собир, бил забележан пријавениот П.Б. како од товарно моторно возило марка Фиат Добло со скопски регистарски ознаки, во сопственост на Политичката партија СДСМ, а управувано од пријавениот, кое било паркирано на ул.„11 Октомври“ во непосредна близина на објектот „Порта Македонија“, била извадена импровизирана направа – катапулт и две кеси со боја, кои подоцна се искористени за оштетување на објектот „Порта Македонија”.

Околу 20:00 часот, од страна на полициски службеници при СВР Скопје, при вршење на редовни работни задачи било сопрено товарно моторно возило марка Фиат Добло, управувано од пријавениот Н.П. и при извршениот преглед на возилото биле забележани канти со боја и импровизирани направи – катапулти за исфрлање на боја, за што истиот е лишен од слобода, додека товарно моторно возило марка Фиат Добло е донесено во ПС „Кисела Вода“ каде истото било заклучено од страна на сопственикот и адвокатот, кој побарал наредба за претрес на возилото.
На ден 31.05.2016 година околу 00:30 часот, обезбедена е писмена Наредба за вршење на претрес на возилото, каде што од страна на полициски службеници во кругот на ПС Кисела Вода беше извршен претрес, во присуство на пријавениот и неговите бранители. Пронајдените предмети за време на претресот беа одземени со потврда за привремено одземени предмети, а за претресот беше составен записник за извршен претрес на превозно средство. Од страна на екипа од СВР Скопје претресот беше документиран, за што е изготвен видео запис и фотоалбум.
Од страна на екипи од ЕУМНА при СВР Скопје беше извршен увид на обезбедено лице место во врска оштетување на објектот, за што е сочинет записник, фотографии и видео материјалот од извршениот увид. Исто така, од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, беше доставен видео запис и фотографии снимени од страна на крим техничари од ЕУМНА ангажирани за време на одржување на протестот пред објектот, а воедно од страна на вешто лице од СВР Скопје по претходна консултација со ЈО беше извршено симнување на фотографии, слободно објавени на отворен интернет портал.
Од страна на полициските службеници, врз основа на горенаведените извори, утврден е идентитетот на лицата и е констатирано како пријавените со фрлање на балони со боја рачно и со помош на импровизирана направа-катапулт вршат оштетување на објектот „Порта Македонија“.Како што информира МВР, П.Б. се товари за извршени две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ на 18.04.2016 и 30.

Пронајдете не на следниве мрежи: