Седум висококалорични намирници кои смеете да ги консумирате секој ден

Здравата исхрана се темели на урамнотежен внес на различни групи намирници. Притоа, треба да знаете дека не само што некои видови смеат да се консумираат, туку тие најтопло се препорачуваат на секојдневна база.

Заборавете на масната и пржена храна и посегнете по добрите калории кои доаѓаат од намирниците богати со протеини. 

Сирење
Овој производ содржи мноштво хранливи вредности како што се калциум, фосфор, селен и витамин Б12. Една кришка сирење содржи нешто помалку од 7 грама протеини, кои се неопходни за изградба на мускули, правилна работа на мозокот и сите други органи во телото.

Јајца
Јајцата се единствената намирница на светот која во текот на готвењето ги задржува своите хранливи материи. Со големиот број на витамини и минерали, тие се одличен извор на омега-3 масните киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем.

Риба 
Студиите покажуваат дека луѓето кои неколку пати неделно консумираат риба со омега-3 масни киселини се генерално поздрави и посреќни, имаат низок крвен притисок и помал ризик од појава на хронични болести.

Јаткасти плодови
Бадемите, оревите, лешниците и другите јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој обезбедува еластичност и здравје на кожата. Во ваквите намирници се наоѓаат и значајни количини на магнезиум кој е исклучително важен во борбата против секојдевниот стрес.

Маслиново масло 
Маслиновото масло е дар од природата и одличен сојузник на здравјето во целина. Се работи за извор на добри масти кои изобилуваат со витамините Е и К, како и моќни антиоксиданси. Редовната употреба на маслиновото масло докажано штити од воспаленија, го намалува крвниот притисок и штити од болестите на срцето и крвните садови.

Полномасен јогурт
Полномасниот јогурт е исклучително здрава намирница бидејќи изобилува со калциум кој ги штити коските и забите, но содржи и пробиотици кои ја поттикнуваат работата на дигестивниот систем.

Кокос
Кокосот е плод со најголем процент на заситени масни киселини, кои ја намалуваат опасноста од развивање на кардиоваскуларни болести. Главната причина за тоа се крие во фактот што масните киселини од кокосот поинаку се разградуваат, а со тоа овозможуваат подолга заситеност и ја поттикнуваат работата на метаболизмот.
 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.