Некои луѓе бараат нова работа за повисока плата. Други за нови можности за развој, а трети за да започнат сопствен бизнис. Но, постојат и голем број други причини поради кои сакате да го смените работното место.Животот е премногу краток за да се чувствувате незадоволно; за да поднесувате ужасен шеф, за да се чувствувате потценето или дури бескорисно. Воопшто, животот е премногу краток за да бидете несреќни.
1. Идеите ви ги отфрлат или игнорираат
Секој има идеи. Понекогаш не толку добри, понекогаш одлични. И секој би сакал тие барем да се сфаќаат сериозно. Чувството дека помагате на посебен начин за работата на компанијата е многу задоволувачко. Но, кога шефот ќе пресече секој пат или уште полошо – им се потсмева на вашите предлози, тоа е не само навредливо, но и демотивирачко. И наскоро ќе престане да ви биде гајле.
2. Се чувствувате како бројка
Да, секој е заменлив, и секој работи за плата. Но, луѓето имаат потреба да работат за нешто повеќе од платата – да работат со луѓе кои ги почитуваат и им се восхитуваат и да даваат почит и восхитување во замена. Ако на вашиот шеф не му текнува да ве праша меѓу другото за семејството, дали имате потреба од нешто или едноставно да размени неколку зборови со вас, тоа ве тера да чувствувате само едно – како штрафче од големата машина.
3. Не гледате иднина
Секоја работа треба да води до нешто: покачување, дополнителни можности, стекнување на нови вештини, учење на нови нешта. Утре треба да е различен ден. Доколку гледате дека работите не се поместуваат од почетната точка, можеби е време да размилите за напуштање на работното место.
4. Не сте дури ниту малку возбудени што одите на работа
Да се возбудувате премногу од својата работа има и свои недостатоци. Но, секоја работа треба да носи задоволство, дури и да не чувствувате кон неа силна страст. Работата треба да те возбуди и предизвикува. Животот е премногу краток за да стоите цел ден во очекување само да заврши работното време.
5. Јавно ве критикуваат
Сите имаме потреба од конструктивен фидбек. И малку „буцкање“. Ова е една од најсилните мотивации – да слушнете дека ја оценуваат работата и се справувате добро. Но, да ве критикуваат јавно, пред други луѓе, тоа е понижувачки.
6. Никогаш не ви се заблагодаруваат
Секој има потреба од пофалби. Животот е премногу краток за да не добивате признание за трудот и придонесот. Добар шеф треба да знае дека на секој вработен му е потребна барем и ситна пофалба за неговата работа.
7. Уморни сте и иднината ви изгледа ограничено
Ако работите за плата која не се менува, без разлика какви резултати постигнувате, секогаш ќе работите само и единствено за оваа плата. Кога ќе работите за некој друг, тој одлучува колку чините. Да работите за себе значи дека приходите ви зависат од вашата сопствена креативност, желби, упорност и талент. Пробајте и откријте колку навистина чините – не само во финансиска смисла, но и дали можете да го промените и подобрите животот на другите луѓе.Животот е премногу краток за да се чувствувате незадоволно; за да поднесувате ужасен шеф, за да се чувствувате потценето или дури бескорисно. Воопш



