Седумина членови од кубанскиот национален балет избегале за време на турнеја во Мексико

Седум членови од кубанскиот национален балет побегнале минатиот месец , додека групата била на турнеја во Мексико, открива во средата потпаролот на балетот во еден од последните комунистички земји.
-Да, тоа е вистина,  а другите се во Мексико, тие избегаа, тоа е вистина, изјави потпаролот, кој сакаше да остане анонимен.
Според веб-страницата “cafefuerte.com”шест танчери влегле во САД и се наоѓаат во Мајами, кој е центар на кубанските имигранти, а еден останал во Мексико. Меѓу избеганите, наводно, двајца се мажи и пет жени на возраст од 20 до 24 години.Потпаролот на Балетот неможеше да ги потврди нивните имиња или да обезбеди повеќе информации за бегството.Кубанската група инаку е позната по својот класичен стил и висок квалитет на балетски уметници,кои често се учесници на меѓународна турнеја. Со текот на годините многу танчери побегнале и се приклучиле на играорни групи во странство.
 Седум членови од кубанскиот национален балет побегнале минатиот месец , додека групата била на турнеја во Мексико, отк

Пронајдете не на следниве мрежи: