Шефот на оваа банда има 15 години и штотуку прободе двајца!

Малолетниот С.Н. од Чачак е приведен и тоа поради обид за убиство на двајца сограѓани. Овој тинејџер (15) кој со години ги тероризира врсниците во Чачак со нож прободел двајца. Малолетниот С.Н. ја предводел групата на врсници кои ги нападнале двете момчиња во моментот кога градскиот плоштад бил преполн со минувачки. Освен С.Н. уапсен е и неговиот соучесник (16) кој се терети за учество во тепачка. По останатите бандити полицијата трага. 
Инцидентот го покренал малолетник кој на плоштадот имал расправија со Р.О. и А.З. Кога тие го нападнале тој избегал и во продавницата за спортска опрема се сокрил и ги повикал другарите. 
-Набрзо на плоштадот дошле осум момчиња. Веднаш ги нападнале  Р.О. и А.З. и избила жестока тепачка. 
Сите се разбегале, а на земја во локва крв останал да лежи еден од нападнатите момци- наведува очевидец. Веднаш бил пренесен во болница, а лекарите велат дека има тешки повреди, но за среќа животот не му е во опасност. Неговиот другар А.З. е пуштен на домашно лекување со исекотини по лицето. 

 
Имено, малолетниот С.Н. е познат како проблематично момче. Меѓутоа, никогаш не  е уапсен. Иако веќе наполник 14 години, не добил ниедна полициска пријава поради крадење и насилничко однесување. 
Тој одземал пари од други малолетници, ги малтретирал и ги присилувал да крадат за него. Со себе секогаш носел нож. Има голем број на следбеници и во секој момент може да собере банда врсници подготвени за пресметка. Иако целата банда се уште оди во основно училиште, голем дел од нив веќе имаат тетоважи склони се кон алкохол и дрога. А оваа група не се плаши од ништо и како што велат жителите на градот крадат во среде бел ден. 
Овој тинејџер (15) кој со години ги тероризира врсниците во Чачак со нож прободел двајца. Малолетниот С.Н. ја предводел групата на врсници кои ги н

Пронајдете не на следниве мрежи: