Шефот ве бара додека сте на плажа? Тоа го загрозува вашето здравје

Стресот што го предизвикува работата ги прати луѓето и на нивните годишни одмори. Истражувањатa спроведени во Америка покажуваат дека бројот на вработени кои на одмор ги завршуваат своите работни задачи, од година во година станува се поголем.
 Ваквото однесување на работниците е најизразено во Централна Европа, Јапонија и САД, но го има и во другите капиталистички општества. Тие системи го „газат“ човекот затоа што неговата корисност се оценува само според работата што ја извршил. Самиот изостанок од работа, дури и кога е сосема оправдан, кај работникот создава чувство на вина и загриженост дека направил нешто погрешно.
Луѓето мора да научат да се опуштат и да се грижат за себе, вели психотерапевтот Зоран Миливоевиќ. Мора да научат и пасивно да се релаксираат и активно да се забавуваат. Тоа им дава енергија за следната етапа и издржливост до наредниот годишен одмор.
Најголемиот проблем е во главата на вработените, а не во барањата на шефовите. Тие не смее да се чувствуваат безвредни додека не работат и постојано да мислат што за нив мислат претпоставените, додава Миливоевиќ.
Ако работите и додека сте на одмор, веќе првиот ден на работа ќе зажалите поради тоа. Доколку не го искористите одморот, продуктивноста ќе ви опадне, а може да се јават и здравствени проблеми како кардиоваскуларни потешкотии, дијабетес или дебелина.
извор:lady.mkВаквото однесување на работниците е најизразено во Централна Европа, Јапонија и САД, но го има и во другите капит

Пронајдете не на следниве мрежи: