Шефовите на дипломатиите на ЕУ денес ќе дискутираат за ситуацијата во Украина

Шефовите на дипломатиите на земјите членки во ЕУ, денес ќе се соберат во Брисел на дводневен состанок на Советот за надворешни работи.Официјално, главна тема се подготовките за претстојниот завршен самит кој ќе се одржи кон крајот на јуни, но се очекува дека украинската криза повторно ќе доминира на дебатата.
Танјуг дознава дека не се очекуваат драстични потези, но дека црната листа на ЕУ со имињата на руските функционери на кои им е забрането издавањето на визи ќе се прошири.
Сега таа листа брои 48 луѓе.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на вчерашниот билатерален состанок во Германија се договорија дека воведувањето на посериозни санкции би ги загрозиле претстојните претседателски избори во Украина.
Тие во заедничкото соопштение ја предупредија Русија дека ќе следуваат сериозни последици доколку пропаднат изборите кои се закажани на 25 мај.
На почетокот на денешното заседавање, министрите свечено ќе ја одбележат и десетгодишницата на големото проширување, кога ЕУ истовремено примила десет нови членки.Официјално, главна тема се подготовките за претстојниот завршен самит кој ќе се одржи кон крајот на јуни, но се очекува дека украинската криза повт

Пронајдете не на следниве мрежи: