Секое семејство може да се адаптира на селска средина

Секое семејство може да се адаптира на селска средина, затоа што таква е природата на човекот. Еден информатичар на пример, може да работи на село, не мора да живее во град. Порано луѓето од град одеа во село, а сега потребен е обратен просцес – да се вратат младите на село. Ова е ставот на геопатологот проф. д-р Стојан Велкоски. Тој за ТВ Нова вели дека анализирајќи ги проблемите кои настануваат во градовите, ваквата преселба е неопходна.-Го анализирав проблемот со големите градови со недостаток на работни места, потоа затворањето на фабрики,а тоа потекнува од период кога емиграцијата беше село град, а сега има потреба од обратен процес, да се вратат младите во село. Да се вратат младите во цело е малку комплициран процес и затоа треба посеопфатни решенија. Тие решенија се луѓето што ќе се вратат на село да имаат егзистенција, ќе бидат пообразовани, за здравјето да не говриме, за успешноста исто така, тие ке бидат поуспешни и поснаодливи, за разлика од децата од градовите кои се под дејство на пороци. Сето тоа ке се избегне и ќе се дојде до една волшебна хармонија, вели Велкоски.
Предизвикот може да го прифати секое семејство
Предизвикот да се живее на село може да го прифати секое семејство, костатира Велковски, согласно и неговите истражувања, но и проектите во оваа област. Тој го поздравува проектот на Владата, но апелира тој да се имплементира согласно конкретен план и програма
-Јас го поздравуват проектот на Владата, но ако ако тој проект не се реализира според план и програмата,тој проект нема да заживее. Имаме долгорочен план кој треда да се релизира со конкретни решеија. Мојот проект предивидува обезбедување на здравство, забава, квалитетно школство квалитетно, независно колку деца има, потоа егзистенција како голем проблем, ние сме псоебно подрајче , можеме да го истакнеме тој благодет и да бидеме препознатливи во европа и светот. Тој благодет е искористување на поднебјето, каkо на пример еколошките производи, можеме да го истакнеме она што го имамаме, нашето овошје и зеленчук е многу специфично, со посебна арома и специфика, лековитите билки, фармите се си има свое ..и ке биде беспрекорно. Љуѓето ќе уживаат на село и нема да се измачуваат, вели Велкоски.
Што предвидува проектот „Од град во село, за нов почеток“?
Проектот „Од град во село, за нов почеток“ на ВМРО-ДПМНЕ опфаќа цел сет мерки кои претставуваат поттик за населението да се врати на животот во руралните средини. Поволностите се огромни, бидејќи ќе се субвенционира трошокот за купување, обнова или изградба на куќа до 6.000 евра, бенефиции за бесплатно државно земјоделско земјиште до три хектари, како и еднократна месечна субвенција од по 15.000 денари во тек на 18 месеци.
-Сакаме да го стимулираме враќањето на животот во селата и да ги унапредиме социо-економските услови за живот во руралните средини во државата. Истовремено, даваме шанса повеќе на оние кои се невработени или имаат многу ниски примања во семејствата. Проектот се однесува за населување села до 500-ини жители, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Корисникот ќе има обврска 10 години да не смее да го продава, ниту пак да ја намали вредноста на имотот, а ќе биде обврзан да живее најмалку 15 години на село по почнување на користење на условите од проектот. Категоријата на лица кои ќе можат да го користат проектот е широка, односно важи за лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село, кои мигрирале, но не го задржале имотот на селото, како и невработени лица од град и вработени со многу ниски примања, односно со вкупна месечна нето плата на целото семејство од 21.813 денари.
-Наша интенција е да се искористат огромните потенцијали што ги нуди македонското село. Целта се селата до 500-ини жители бидејќи тие се на границата на целосно иселување. Истовремено, ова претставува неповторлива можност за оние кои се преселени и живеат во град, а особено оние кои имаат некакви ресурси во местата од каде потекнуваат како стара куќа или некаков земјоделски капацитет со потенцијал да биде рестартиран. Ова е шанса и за оние кои се невработени, а живеат во град. Еве шанса преку својот труд со исклучителна поддршка од државата да дојдат до свој дом, своја работа и бизнис за семејството на село. Државата нуди работа, дом и исклучителни поволности за поддршка на сопствен бизнис на село, вели Груевски и додава дека вакви проекти веќе се спроведуваат во држави од ЕУ, Канада, САД, Австралија.
Ќе се развијат селата, но и аграрот
Земјоделските експерти сметаат дека проектот е шанса за враќање на животот во селата, но и шанса за аграрот, бидејќи ќе се обраборува запуштеното земјиште.
-Ова е еден комплексен проект во кој што гледаме некои нови субјекти, нови земјоделци да влезат во секторот земјоделство. И другите политики кои сигурно се комплементарни, социо-економскиот дел на мерките кои што ги гради државата, сигурно дека ќе придонесат за натамошен развој на руралните средини, а посебно за развој на селските средини. Еден период на депопулација на тие рурални средини предизвика голем дел од селските средини да бидат масовно напуштени од популацијата. Тие капацитети кои се оставени сигурно дека треба да ги ставиме во функција на производство на храна и во функција на едно поинтензивно земјоделско производство, вели деканот на Земјоделскиот факултет, Драги Димитриевски.
Проектот треба да почне да се реализира од јануари и да трае во наредните две години.-Го анализирав проблемот со големите градови со недостаток на работни места, потоа затворањето на фабрики,а тоа потекнува од период кога емиграција

Пронајдете не на следниве мрежи: