Секогаш брзате, а сакате да се храните здраво? Морате да го пробате овие хроно појадоци

Не постои начин да го започнете денот од уживање во хроно појадок. Следат рецепти кои кулинарско задоволство, грижата за здравјето и добриот изглед го спојуваат во едно.Лепчиња со кисело млеко

Состојки:
200гр грахам брашно, ½ чаши кисело млеко, ½ чаши кисела вода, а лажици маслиново масло, 1 лажичка сол, 2 лажички прашок за пециво.
Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете го маслото, киселото млеко и водата. Соединете ги состојките, а потоа извадете го тестото на набрашнета површина и измесете го. Поделете го тестото на 4 топки а потоа истенчете ги. Така подготвените лепчиња ставете ги во тавче, посипете ги со брашно и печете на 220 степени, околу 15 минути.
Пита со праз и тиквички

Состојки:
500гр парз, 500гр тиквички, 4 јајца, 2 чаши кисела вода, 1 чаша брашно, маслиново масло, 250гр фета, зачини, сол.

 
На маслиново масло пропржете го празот и изренданите тиквички кои петходно сте ги исцедиле од водата. Додадете го брашното, јајцата, здробеното фета сирење, водата и зачините. Ставете ја смесата во тавче и печете околу еден час на 180 степени.
Мини- пици од ржано брашно

Состојки:
200гр ржано брашно, 2 лажици прашок за пециво, сол, малку маслиново масло, 125мл вода.
Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете го маслото и водата. Замесете тесто, развијте кора и со шолја вадете кругови. Ставете ги на хартија за печење и без фил ставете ги во рерна да фатат кора. Им требаат неколку минути. Извадете ги и филувајте. Измешајте густо доматно пире со оригано и малку сол, и намачкајте. Шунката цепкајте ја и нанесете ја, потоа рендан кашкавал, малку лук и повторно преку се малку доматно пире. Печете ги на 220 степени околу 10 минути.Лепчиња со кисело млеко

Пронајдете не на следниве мрежи: