СЕКС ПРОТИВ ФИТНЕС: Која активност согорува повеќе калории?

Што им предизвикува сексот на луѓето? Дали ја „зоврива“ нивната крв, го забрзува дишењето, предизвикува потење. Сепак, истото го прават и тренинзите. Прашањето е дали можат активностите во креветот да ги заменат оние во салата за фитнес?Одговорот е „Не“, според канадските научници.
За целите на студијата – да се утврди колку калории се трошат за време на секс и вежбање, истражувачите од Универзитетот на Квебек ангажирале 21 парови.
Учесниците требале да се вклучат во тест за издржливост на „неблагодарна работа“ и да се оддаваат на интимности барем еднаш неделно во текот на еден месец.
Во тоа време, партнерите носеле специјални нараквици со сензори за да се забележи потрошувачката на енергија кај двете активности.
Истражувачите утврдиле дека мажите согоруваат четири калории за минута секс, а жените – три, со оглед на тоа дека вистинскиот сексуален однос трае меѓу две и четири минути. За споредба: 25-минутен тренинг со умерен интензитет согорува помеѓу 75 и 100 калории.
Сексот, се разбира е подобар од трошењето на енергија помината во гледање на телевизија и пребарување од еден на друг канал со далечинскиот управувач.
Придобивките за здравјето се познати – намалување на крвниот притисок, блокирање на болката, стимулирање на имунитетот, заштита од рак на простата, подобрување на контролата над мочниот меур кај жените.
И покрај сето тоа, сексот не е замена за тренинзите во салата за фитнес, категорични се канадските стручњаци.
„Сексуалниот однос не може да ги замени вежбите. Наместо тоа, сексот и тренинзите треба да се практикуваат редовно. Секоја од овие активности сама по себе е корисна за здравјето, а комбинацијата од двете води до значително подобрување на квалитетот на живот“ – вели водачот на истражувањето Ентони Карелис.Одговорот е „Не“, според канадските научници.
За целите на студијата – да се утврди колку калории се трошат за време на секс и

Пронајдете не на следниве мрежи: