Семејства завиени во црно: Зошто луѓето најчесто се дават во езерата?

Езерата се најмирни води, но тука, по правило, има најмногу жртви, тврди инструкторот по нуркање во клубот „Крагуј“ во Крагуевац за српскиот весник „Блиц“.– Најголемиот непријател на капачите е разликата во температурата на водата. Во езерата не постојат вирови, нема голем проток на вода, ниту струи. Но, проблемот е во температурата на водата. На површината е топла, а веќе половина метар подолу е ладна. Кога пливач кој нема искуство влезе во тој ладен слој, организмот сам почнува да ја повлекува крвта во внатрешните органи, црниот дроб, бубрезите и се што е витално за одржување на животот. Луѓето се паничат и доволно е да проголтаат само малку вода за да се затвори мускулот „глотус“ и да се запре секоја друга можност за ново вдишување – вели Владан Славковиќ.
Во мирните води во Србија растат две врсти на растенија, кои исто така можат да го зголемат ризикот од давење, бидејќи контактот со нив, поради паника и страв, може да биде смртоносен.
– Ресинот и поточарките се кревки растенија кои растат во езерата и од кои човек може лесно да се извади, доколку се заплетка. Но, ако се земе во предвид факторот на страв и на паника, кој може да го предизвикаат, се разбира дека конечниот исход во контакт со нив може да биде фатален за пливачите – вели вонредниот професор на Природно-математичкиот факултет д-р Драгана Вуков.
Според неа, истиот ефект може да го направи и обична кеса или гранка, кои ги има на лошо одржуваните пливалишта.
Екпертите се согласни дека најбитно е систематското чистење на местата каде се плива, но и поголема контрола на надлежните.
Милислав Мијатовиќ, ренџер во Националниот парк Тара, со лиценца за спасување во гора и во вода, смета дека првентвено причина за смрт во езерата е непочитувањето на правилата на водата, односно капење на небезбедни места.
– Наглото влегување во вода доведува до срцев удар. Пливањето под дејство на алкохол, превртување на чамец, обидот да се спаси давеник – секој момент на невнимателност знае да биде кобен на езерата – објаснува тој.
За безбедноста во водата најбитна е прибраноста, бидејќи секој човек што ќе вдише воздух со цели гради, не може да потоне. Паниката и стравот се најголеми непријатели на неискусните пливачи, бидејќи го загрозуваат не само нивниот живот, туку и на оние кои се обидуваат да им помогнат, сметаат стручните лица.– Најголемиот непријател на капачите е разликата во температурата на водата. Во езерата не постојат вирови, нема голем проток на вода, ниту с

Пронајдете не на следниве мрежи: