Си-Ен-Ен анкета: Трамп со предност во однос на Клинтон

Истражувањето што го спроведе „Си-Ен-Ен“ во соработка со Корпорацијата за испитување на јавното мислење „ОРЦ“ покажа дека Доналд Трамп има предност во однос на Хилари Клинтон.На предизборниот собир во Вирџинија, републиканецот Трамп сподели со поддржувачите добри вести.
– „Си-Ен-Ен“ излезе со голема анкета која покажува дека Трамп победува. Тоа е добро психолоши, но јас тоа го знам бидејќи луѓето кои не ме бараа вчера, ме бараат денес. Така е тоа во животот, зарем не?, истакна Трамп.
– Изборната трка е се понапната а причината е делумно во тоа што слабостите на Хилари Клинтон стигнаа во центарот на вниманието, оцени политикологот Стивен Вејн од Универзитетот во Џорџтаун.
– Голем број луѓе не сметаат дека е таа искрена, немаат доверба во неа. Таа делува како традиционален политичар во ера кога гласачите не се наклонети кон политичарите, истакна Вејн.
– Тоа е загрижувачки за двајцата кандидати. Мислам дека штабот на Хилари Клинтон многу размислува за тоа како да го промени нејзиниот имиџ. Но тоа е тешко. Во овој момент, таа претстава е премногу врежана меѓу гласачите, објаснуваат аналитичарите.
Клинтон се надева дека ќе може да ја поврати предноста која ја стекна непосредно по партиските конвенции, поради контроверзиите кои ги предизвика Трамп, вели аналитичарот Џереми Мајер.
– Можно е Доналд Трамп да победи во трката. За тоа беше потребно да се опорави од големиот дефицит на гласови, што успеа да го направи побрзо од кој било друг претседателски кандидат во модерната ера на истражувањето на јавното мислење. Никој не се опорави толку брзо и драматично како него, заклучи Мајер.
Трамп и Клитон веќе се подготвуваат за следниот голем настан во трката, првата претседателска дебата која е закажана за 26 септември.На предизборниот собир во Вирџинија, републиканецот Трамп сподели со поддржувачите добри вести.
– „Си-Ен-Ен“ излезе со го

Пронајдете не на следниве мрежи: