За да изгледате убаво не треба само да имате стил, треба и тоа што го носите да ви биде точно и правилно да лежи на вашето тело. Кога зборуваме за боја, принт или материјал можете да ги следите основните правила за комбинирање и секогаш да изгледате добро. Но како едно одело ви стои е многу по значајно. Никогаш не би облекле широко или големо сако со custom – made панталони. Кога ќе лежи правилно оделото на вас, тогаш ќе бидете приметени, ако оделото ви е големо тогаш само тоа ќе биде приметено. Еве неколку совети како правилно треба да стои едно одело на вас.Има неколку правила коишто треба да ги знаете и почитувате кога станува збор за рачно изработеното одело. Посебно внимание се обврнува на сите можни детали .
1.Кога носите широк шпиц ревер (The Wide Peak) секогаш изберете и широка вратоврска. Вратоврската никогаш не треба да биде кратка и да завршува пред папокот, таа треба да доаѓа до каишот на панталоните.
2.Делот околу рамената е многу битен, никогаш не треба да има повеќе материјал бидејќи ќе се создаде вишок простор помеѓу рамото и оделото.
3.Крагната на кошулата секогаш треба да биде споена со реверот, не треба да има простор помеѓу нив.
4.Должината на едно сакото е индивидуална но според стандардите сакото треба да го покрива патентот од пантлоните.
5.Ракавите на кошулата треба да завршуваат на базата од палецот и манжетната од кошулата треба да биде видлива околу 2 cm.
www.signori.mkИма неколку правила коишто треба да ги знаете и почитувате кога станува збор за рачно изработеното одело. Посебно внимание се обврнува на сите можн