Постојат 85 различни видови на врзување на вратоврска според англиските истражувања објавени во книгата – (Ways to Tie a Tie by Cambridge University Research Fellows Thomas Fink and Yong Mao).Изборот на вратоврската како и видот на чворот ја покажува вашата личност, креативност и стил бидејќи се наоѓа веднаш под вашето лице.
Signori се обидува да ви помогне и да го намали изборот.
Ова се 4 видови на врзување на вратоврска кои ви ги препорачуваме, заедно со неколку фактори кои може да ги земете во предвид.
Компатибилноста на чворот со обликот на вашата глава
Ширината на реверот со ширината на чворот
Обликот на чворот
Вашата умешност во врзувањето
1.SIMPLE
Овој начин на врзување е едноставен, брз и добивате симетричен чвор. Доколку имате вратоврска којашто ви е мала или пак сте високи па вратоврската ви е кратка SIMPLE начинот на врзување е правилниот избор за вас, бидејќи чворот е мал и не е потребно многу материјал да се направи.
2.THE FOUR IN HAND
Oвој начин на врзување е најкласичен и најчесто употребуван. Создаден во 1856 познат уште како (school boy knot) бидејќи бил користен и сеуште се користи за врзување на вратоврски во приватните училишта. The Four in Hand начинот е и најчест избор на членовите од Британската Кралска фамилија.
Изберете го овој начин доколку имате пократок врат, сакате асиметричен изглед на вашата вратоврска и носите класична кошула.
3.PRINCE ALBERT
Mногу елегантен и интересен начин за врзување на вратоврска. Постапката е иста како на FOUR IN HAND само што уште еднаш ја заобиколувате вратоврската со подебелиот крај и го користиме кај The Notch Pick(класичен ревер).
4.WINDSOR
Овој начин на врзување го добива името по The Duke of Windsor, за да го добиете овој изглед потребно е повеќе материјал бидејќи е доста широк чворот и ви треба подолга вратоврска.Signori овој вид на чвор го користи при носење на сакоа со The Wide Peak( широк шпиц ревер) при што се добива одлична симетричност .Ова е исто правилен избор за вас доколку имате позаобелна глава.
www.signori.mk
Изборот на вратоврската како и видот на чворот ја покажува вашата личност, креативност и стил бидејќи се наоѓа веднаш под вашето лице.
&nbs