Детали, детали, детали. Кога станува збор за custom – made одело овие детали ќе ја направат разликата и ќе ве одвојат од другите. Покрај тоа што се личен избор, шлицовите можат во целост да го променат начинот како изгледате.Во прилог на разните детали за коишто зборувавме; видови на ревер, видови на џебови ви нудиме уште едне детал за постигнување на совршен изглед на вашето сако – шлицови.
Без Шлицови (No Vent)
Видот на шлицот не е често поставувано прашање кога купувате готово одело, тоа е всушност и разликата помеѓу готово и custom – made одело. Во зависност од градбата на вашето тело кој вид од тритте наведени највеќе ќе ви одговара. Со овој вид на шлиц ќе изгледате послабо ќе добиете (slimming effect) на правилната градба. Но треба да се има на ум, дека со овој избор движењата ќе ви бидат ограничени ќе немате многу голема комоција.
Еден Шлиц (Single Vent)
Со овој вид на шлиц ќе добиете поголема комоција. Кога ќе го облечете сакото и шлицот е “отворен” постои видлив простор и се гледа кошулата тоа значи дека сакото ви е мало. Шлицот правилно ќе лежи кога тој е совршено затворен. Шлицови се многу повеќе од збунувачки избор, тие се одличен водич кој ќе ве упати до совршниот фит на едно сако.
Два Шлица (Double Vent)
Овие шлицови се поистоветуваат со формални сакоа или пак спортски блејзери. Кога носите смокинг тие се правилнот изглед кој се поклопува со елеганцијата наметната од него. Се разбира дека со два шлица ќе имате најголема комоција во движењето без да чувствувате затегање во ракавите, двата шлица на сакото секогаш убаво ќе лежат на нашето тело, без разлика каква градба имате. Кога неможете да се одлучите, секогаш изберете сако со два шлица.
www.signori.mkВо прилог на разните детали за коишто зборувавме; видови на ревер, видови на џебови ви нудиме уште едне детал за постигнување на совршен изглед на