Сигурно ги правите и вие: Грешки кои ги правите после 9 часот навечер

Сигурно за вашите маки ги обвинувате месечината и ѕвездите, стресот или нешто сосема друго, но за повеќето проблеми со несоницата најчесто сме самите криви. Погледнете на кој начин и како да го спречите тоа:1. Обилна вечера
Големината на вечерата може да влијае врз квалитетот на вашиот сон како и врз неговата континуираност. По обилна вечера, често се случува луѓето кога ќе се разбудат сабајле да се чувствуваат како воопшто да не спиеле. Најдобриот начин да го спречите тоа е доколку имате пообилен појадок, а полесна вечера со цел да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта и на тој начин да го подобрите квалитетот на вашиот сон.
2. Кој е онлајн?
Проверувањето на нотификациите може многу да влијае врз вашата будност. Доколку навечер се изложувате на екраните од мобилниот, таблетот или лаптопот и ги проверувате пораките од вашите пријатели или мејловите поврзани со вашата работа, големи се шансите дека тие ќе го разбудат вашето тело и ќе ви го избркаат сонот. Зарем навистина не можете да почекате до утрото за да ги проверите нотификациите?
3. Уште една пијачка
Малата количина алкохол може да ви помогне да се опуштите по стресен ден на работа, но внимавајте да не претерате. Доколку испиете повеќе чаши алкохол, тие ќе ве држат будни до доцните вечерни часови и следниот ден нема да можете да функционирате добро. Најубаво би било доколку целосно го исфрлите алкохолот, но ако не сакате, не заборавајте да пиете по една чаша вода по секоја пијачка. Исто така, доколку сакате убаво да се наспиете, погрижете се последната чашка да ви биде 3 часа пред да си легнете.

4. Караница
Караниците во вечерните часови можат да предизвикаат несоница како и проблеми со сонот во текот на целата вечер. Доколку не сакате цела ноќ да се вртите во вашиот кревет, решете ја расправијата вечерта или пак, воопшто не ја почнувајте и почекајте барем до утрото.

5. Витамини
На крајот од денот, кога целиот организам забавува и се подготвува за вечерниот одмор, не е добра идеја доколку земате какви било додатоци на исхраната. Витамините ќе ја зголемат вашата енергија, па токму затоа најдобро е да ги земате наутро, наместо во вечерните часови.1. Обилна вечера
Големината на вечерата може да влијае врз квалитетот на вашиот сон како и врз неговата континуираност. По

Пронајдете не на следниве мрежи: