Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија денеска ја зафати ветер со јачина на ураган, што придонесе за разгорување на шесте активни пожари во тој дел на САД и за појава на нови огнени жаришта.Најкритично е во подрачјето меѓу Сан Диего и Санта Барбара, од каде се евакуирани илјадници лица.
Калифорниската агенција за борба против пожарите Калфајр информира дека ветерот е со јачина на ураган од прва категорија и дува со брзина од над 120 километри на час, што заедно со невообичаено високите темпертури за овој период од годината, создава „исклучитечно опасни услови“ за ширење на пожарите.
Два нови пожари се шират јужно од Лос Анџелес, при што првиот веќе зафати површина од над 900 хектари, а вториот претставува закана за стотина домови и деловни и административни објекти.
Според податоците на Калфај, само во последниве неколку часа на ова подрачје се повредени две лица и се уништени дваесетина куќи.
Друг пожар во близина на Лос Анџелес уништи четири луксузни имото во реонот на Бел Ер, кој е познат како живеалиште на богатите.
Од појавата на првиот пожар во јужна Калифорнија во понеделникот, па до денеска, властите евакуираа над 230.000 лица.
Според властите, како што јави МИА, огнените стихии досега уништија речиси 39.000 хектари земјиште и над 150 објекти. Во пожарите загина едно лице.
Калифорнија во октомври годинава ја зафатија десетина големи пожари во кои загинаа над 40 лица и беа уништени околку 10.000 објекти и ормони површини со лозови насади.Најкритично е во подрачјето меѓу Сан Диего и Санта Барбара, од каде се евакуирани илјадници лица.
Калифорниската агенција за борба против п



