Џејмс Ренди (86), чуениот американски магионичар, веќе неколку децении води безпоштедна војна против сите оние кои со трик или вешта измама се обидуваат да ја уверат јавноста дека располагаат со паранормални, надприродни моќи.Џејмс ѝ нуди дури милион долари на онаа личност која може да докаже дека поседува паранормална активност.
„Сакате милион долари? Ќе ви дадам милион долари“ им порачал Џејмс на сите магионичари, исцелители и други кои заработуваат пари на таканаречени паранормални активности, мамејќи ги лековерните.
Ренди овој предизвик прв пат го објавил во 1964 година, а тогаш наградата изнесувала 1000 долари. Од 1964 година до 1982 според неговите наоди, на предизвикот се пријавиле 650 лица, но никој не поминал на прелиминарниот тест.
Оние кои мислат дека сето ова е мамка, Ренди уверува дека парите се припремени на посебна сметка.
„Нема смисла само некои да ги нарекуваме измамници. Сите се измамници“, одлучен е маѓионичарот, кому животниот повик му е да ги спасува лековерните луѓе од измамници.
Неговиот животен пат е опишан и во документарниот филм „Искрен лажго“, кој овој месец ќе почне да се прикажува во САД.
Додајте дека единствената разлика помеѓу магионичарите и оние кои се занимаваат со паранормалното во тоа што магионичарите не тврдат дека нивната работа е надприродна.Џејмс ѝ нуди дури милион долари на онаа личност која може да докаже дека поседува паранормална активност.
„Сакате милион долари



