Сино-белата магија на Санторини

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописните и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, нареечен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви , е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.

 Но, всушност денешниот негов изглед е последица на огромна вулканска ерупција која се случила во 1.650-тата година пред нашата ера кога западниот дел од островот буквално потонал во Егејското Море и со себе, според некои теории „собрал“ траги од високоразвиена цивилизација. При таа ерупција исфрлена е околу 30 кубни километри магма, од која е создаден овој прекрасен залив. Трагите од оваа ерупција се забележуваат и до денешен ден, на обоените страни од овој остров.

Долго време се сметало дека ерупцијата на овој вулкан е поврзана со Платоновата легенда за изгубениот остров Атлантида, иако според легендата тој се наоѓал во водите на Атланскиот океан. Доказите од модерното време всушност кажуваат дека приказната е искривена околу 1200 година, кога се сметало дека огромно цунами предизвикано од планината која се срушила, ја уништило цивилизација на Крит.

Сред Егејското море во еден надреален амбиент, овој остров зрачи со мир и опуштеност. Во предвечерните часови, Санторини ви дава прилика да уживате во  најубавото зајдисонце, со чаша вино на многубројните тераси.
Островот на заљубените, своето име го има добиено од заштитничката на островот Света Ирини, за која постои верување дека ги штити паровите кои ќе се венчаат на островот.

Главен град на островот е Фира, додека центар на случувањата е гратчето Оја распослано по должината на работ на изгасениот вулкан на северниот брег од островот. Тука се лоцирани најлуксузните хотели и има монденски ноќен живот.
Хотелите се наоѓаат на источната страна од островот во Камарија, а на западната страна, на стрмната вулканска страна, на околу 300 метри надморска височина се наоѓа мало место Тира, познато по куќите бојадисани во сина и бела боја со еден од најубавите погледи на морската шир.

Светската туристичка организација во 1989 година го прогласи гратчето Оја за најубаво место на светот. Ако некогаш се решите да го посетите островот не го пропуштајте ни крајбрежниот главен град Фира, ниту возењето со жичара која се движи по работ на вулканот и се спушта 300 метри покрај неверојатни облици на згусната лава. Фира е позната и по дизајнерски outlet – продавници.
За плажите на Санторини, нема зборови со кои може да се опишат, треба едноставно да се видат и да се доживеат.  Тие се создадени од разнобоен песок: црвен, жолт и црн. Посебно се познати црвените плажи на Санторини во областа Акротири, Комбинацијата од црвена боја на песок и карпи настанати од лава и кристално сината вода се нешто кое вреи да се види.  Исто така не постои турист кои не ги пофалил журките на дното на вулканот. Можете да го посетите и клубот „Аlbatros“ кои организира Wet party, White, Watermelon party…

На островот се развиени туризмот, но и земјоделството. Се одгледуваат маслинки, винова лоза, но и јужно овошје. Најпознато вино од Санторини е Vinsanto, а исто така е познат и по сушените домати.
Развиеното хотелиерство, со преубави и луксузни хотели, добрата позиција во Егејското Море, па и моќниот ноќен живот се причина поради која денес Санторини е синоним за туризам на високо ниво, а и остров кој вреди да го посетите барем еднаш во животот.Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточн

Пронајдете не на следниве мрежи: