На 09.09.2016 година во 22.40 часот во Скопје на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на Јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна.По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.
Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп.
По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот. По извршени консултации со Јавен обвинител, настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.