сабота, 28 ноември 2026
Најново

Скокам од радост кога ја гледам вашата љубов кон нашиот мајчин јазик

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ПИСМОНА ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ДО КУКУШАНИ:СКОКАМ ОД РАДОСТ КОГА ЈА ГЛЕДАМ ВАШАТА ЉУБОВСПРЕМА НАШИОТ МАЈЧИН ЈАЗИК
(24 октомври 1857 год.)“Драги,
Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за Вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Добро сте направиле што сте му пишале на Партенија (Зографски, н.б.) за неопходните книги. Скокам од радост кога го гледам Вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш прадедовски јазик…О како ми е срам, зашто на грчки Ви ги изнесувам своите словенски чувства и само од неодамна почнав да читам, да пишувам и да разбирам словенски. Но, кој е е виновен за тоа? Фанариотските архиереи коишто насекаде ги изгореле документите на словенските книги… Согласен  сум со вашиот предлог и во  скоро време ќе дојдам.
Д. Миладинов”
Рајко Жинзифов, Димитрија и Константин Миладинови.”Ден” ( Москва),бр, 46.(1862), стр,14-18; Туше Влахов’, В’зраждане в гр. Кукуш,Исторически преглед, ЏВИ6, Софија, 1960, стр.18-50;“Драги,
Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за Вашите благородни чувства кон Словенството

Поврзани вести