Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ на 14 и на 15 мај (сабота и недела) во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“, ќе го организираат третиот по ред Скопски цветен фестивал 2016. Мотото на годинешниот фестивал е „1000 цвета за Скопје“.Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по трет пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците. Во текот на два фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат.
Покровител на фестивалот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а организатор е ЈП „Паркови и зеленило“. Градот Скопје за организацијата на третиот Скопски цветен фестивал издвои 3.000.000 денари.
Цветниот фестивал ќе почне на 14 мај (сабота) во 10 часот со цветно дефиле во кое ќе учествуваат околу 450 деца од градинките и основните училишта, како и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија. Дефилето ќе тргне од фонтаната „Лотосов цвет” во Градскиот парк и ќе заврши на локацијата предвидена за фестивалот, во вториот дел од Градскиот парк.
Според програмата, третотото издание на Скопскиот цветен фестивал ќе ги понуди следните содржини:
1. Цветен центар – претставување на фирми-излагачи од земјава и странство, чија дејност е од областа на хортикултурата и производството на цветен и саден материјал (Грин планет; Хорти дизајн; Китка; Розен центар Фоја; Пинар С; ЈП „Паркови и зеленило“; Флораком; СУГС „Ѓорѓи Димитров“; Хортикултура МК (портал за хортикултура); Шумарски факултет Скопје и други).
2. Креативни работилници и иновации – на цветниот фестивал ќе се организираат креативни работилници за сите возрасни групи: Мојот прв насаден цвет – работилница за деца и изработка на цветни оригами, венчиња од цвеќе, работилница за изработка на цветен аранжман, основи на
фотографија, цртање и боење, драмски перформанси, ликовни работилници, Македонско Монтесори здружение.
3. Дизајнирање цветна приказна – уредување на 3 до 5 цветни градини на определена површина. ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ги обнови градините од претходните години и ќе уреди уште две нови хортикултурни и цветни решенија.
4. Стручни совети за хортикултурно уредување – сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се информираат за одгледувањето цвеќе и да добијат корисни совети од професори и дипломци од Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ (насока хортикултура) како и останати стручни лица со искуство во планирање, уредување и одржување на зелениот простор.
5. Зона на забава – забавни и едукативни игри, ритмички и танцови групи, јога, пилатес, музички групи, oтворена галерија, мултимедијални перформанси и тематски претстави.
6. Еко пикник – место за одмор, релаксација, разговори, библиотека на отворено – разгледување и размена на списанија за уредување на надворешен простор. Вљубеници во пишаниот збор ќе читаат извадоци од книги проза и поезија.
За посетителите, Скопскиот цветен фестивал ќе биде отворен од 10 до 20 часот на 14 мај (сабота) и од 10 до 18 часот, на 15 мај (недела).
Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по трет пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето