Скорпијата сака долги бакнежи, овенот имплусивни, а како се бакнуваат останатите хороскопски знаци?

Бакнежите се многу важни и тие не прават среќни барем на момент…Овен
Енергичен, насилен и моќен…Може да направи вистинска бура и тоа само со еден бакнеж,  Овој знак како приоѓа така и се бакнува- симпатично имплусивно. Кога за прв пат бакнувате овен мора да бидете внимателни да не дојде тој бакнеж многу брзо, односно да го чекате вистинскиот момент.
Бик
Бавно, сензуално и цврсто….затоа нивните одности имаат тендеција да траат многу долго. Кога за прв пат ќе го бакнете, не правете го тоа брзо, Бикот не сака брзи и жешки бакнежи. Тие сакаат бавни работи.
Близнаци
На Близнаците прво мора да им го привлечете вниманието. Процесот оди вака: прво поглед, потоа насмевка, а на крај неколку зборови. Сакат да зборуваат со часови. Ќе ве тестираат. Бакнежот е брз, секси и разигран. Ако ги заинтересирате тие ќе бараат уште и уште… Кога за прв пат ги бакнувате, кажете им дека сакате да ги бакнете.

 
Рак
Најпрво мора кај вас се да биде уредно за да го привлечете. Кога ќе започне бакнежот, ќе биде топол и прекрасен, а веројатно нема да сакате и да застанете со еден бакнеж.
Лав
Може ли да замислите да чекате во ред за да видите дали вие сте онаа која ќе добие ружа? Тоа е она што ве очекува со Лавот. Кога прв пат ќе го бакнете направете го тоа драматично. Овој знак сака животот да му биде како на филм, ќе биде разочаран ако сте досадни. Лавовите сакаат бакнежи под месеција, на песок или на среде улица. Важно е да се страствени.
Девица
Девиците не сакаат неорганизираност и хаотичност. Мора забите да ви се совршено чисти пред да ги бакнете. А и мора да имате добра тактика.

 
Вага
Вагите се најромантичен знак во зодијакот. Тие живеат да им угодат на другите. Но сакаат и партнерот нив да ги задоволи. Па од нив ќе добиете истовремено и жешко и романтично искуство. Кога прв пат ќе ја бакнете не правете драма од тоа.
Скорпија
Само еден збор може да се употреби за нив-СТРАСТ. Тие се страствени во се што прават. Кога прв пат ги бакнувате, прво погледнете ги во очи. Држете го интензивно погледот. Самиот бакнеж треба да биде страствен, но под контрола.
Стрелец
Стрелците секогаш сакаат повеќе- особено кога станува збор за бакнежите. Овој знак не сака премногу сериозни работи, дури и бакнежи…Па со него се ќе биде како да сте средношколци во задниот дел од автомобилот.

 
Јарец
Јарците не се романтични, но тоа не е невозможна мисија. Им треба малку време за да го постигнат тоа. Нивниот бакнеж е елегантен и секси. Кога прв пат ќе ги бакнете добро е тоа прво да им го кажете…
Водолија
Тие се ексцентрични, но всушност имаат тенденција да не бидат упадливи кога се во прашање романтичните заплети. Сакаат изненадни бакнежи. Кога прв пат ги бакнувате одберете некои нови техники. Ова е знак кој сака да експериментира и тие се пробуваат.
Риби
Со задоволство ќе ве бакнат во образ отколку во уста. На нив им е важна физичката блискост. Мирисот им е многу важен, затоа мирисајте убаво пред да ги бакнете. Овен
Енергичен, насилен и моќен…Може да направи вистинска бура и тоа само со еден бакнеж,  Овој знак како приоѓа та

Пронајдете не на следниве мрежи: