четврток, 12 ноември 2026
Најново

Скромната желба на децата од Домот без родители за оваа зима е остварена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчерашниот ден на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ донесе насмевки на нивните лица. Имено, децата од домот беа прашани што сакаат да добијат како подарок оваа зима и заедничка желба на сите нив беше да имаат зимски чизми. Здружението на приредувачи на посебни игри на среќа „АПИС“, им го развесели вчерашниот ден на децата од домот и им ја исполни скромната желба.АПИС е компанија која веќе неколку години е инволвирана во помагањето и остварувањето на желбите на децата без родители. Постојаните донации во текот на последниве години се секогаш во согланост со потребите и желбите на децата. Радоста на нивните лица е повеќе од доволна награда за АПИС и за директорката на ЈУДД „11 Октомври“. Во име на децата директорката ја изрази својата благодарност за донацијата.
„Во името на сите деца и во мое име сакам да искажам голема благодарност, а посебно што овие донатори ни се постојани и секогаш со дарување по желбите на децата“, изјави директорката на ЈУДД „11 Октомври“, Ристенка Атанасова.
Неизмерната детска радост за подароците ги исполни срцата на сите присутни. АПИС и оваа, како и неколку години наназад не заборава на овие деца.
АПИС е компанија која веќе неколку години е инволвирана во помагањето и остварувањето на желбите на децата без родители. Постојаните донации во тек

Поврзани вести