Сладолед коцки за половина час

Колачот просто се топи во вашата уста и освежува.Состојки:
Кора:
7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
2 лажички масло
1 кесичка прашок за печиво
1 жолчка
За фил:
6 жолчки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
250гр маргарин или путер
2 кесички ванилин шеќер
За преливање на кората
250мл ладно млеко
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, па додадете го брашното помешано со прашокот за печиво, маслото и додадете ја жолчката.
Смесата за кора сипете ја во тава (35х25) и печете на 200 степени, околу 15 минути.
Додека се пече кората, подгответе го филот. Во малку млеко измешајте ги жолчките, шеќерот  и брашното и полека додадете го во преостанатото зовриено млеко. Кога филот ќе ја добие потребната густина, тргнете го од оган и оставете да се олади.
Изладениот фил составете го со претходни изматениот путер. Испечената кора прелијте ја со ладното млеко помешано со ванила шеќерот. Кога кората ќе го впие млекото и ќе се олади нанесете го филот. Декорирајте со шлаг пена или чоколадо.Состојки:
Кора:
7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
2 лажички масло

Пронајдете не на следниве мрежи: