Слатко мало задоволство: Моцарт топчиња

Уживајте во секое чоколадно Моцарт топче…Состојки за тесто (за 18 топчиња):

80g црно чоколадо
80g путер
50g шеќер
2 јајца
50g брашно
50g мелени бадеми
Чоколаден крем по потреба
½ кесичка прашок за печиво

Состојки за крем:

100g црно чоколадо
100ml слатка павлака
100g путер
50ml рум

Состојки за премачкување:

400g марципан
4 лажици шеќер во прав
150g црно чоколадо
2 лажици рендани ф’стаци

ПОДГОТОВКА:
За тесто:
Чоколадото стопете го на пареа. Со миксер изматете го путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата. По неколку минутно мешање додајте го чоколадото. Измешајте го и брашното помешано со прашок за печиво и мелени бадеми. Тестото ставете го во плех и печете 180 степени околу 30 минути.
За крем:
Загрејте ја слатката павлака, кратко проварете ја и додајте го ситно сечканото чоколадо. Промешајте и оладете, па додајте го путерот и изматете кратко со миксер (5 минути.)
Чоколадниот колач изронете го со раце во еден сад, па додадете рум и малку крем по потреба, за да се направи кашеста смеса. Оладете ја смесата околу 40 минути, а потоа со лажица за сладолед направете 18 топчиња и оладете ги уште 30 минути.
За премачкување:
Марципанот изгмечете го со рацете. Посипете ја работната површина со шеќер во прав и растегнете го марципанот. Измерете со едно топче и исечете кругови со соодветна големина. Замотајте ги сите топчиња во марципан и оставете ги да се изладат уште 5-10 минути.
По желба, натопете ги во топено чоколадо и посипете ги со ренданите ф’стаци.Состојки за тесто (за 18 топчиња):

80g црно чоколадо
80g путер
50g шеќер
2 јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: