СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО: Фантастична торта од крем сир и чоколадо!

Фантастична торта од крем сир и чоколадо!Фантастична чоколадна торта која не се пече
Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
200 гр кекси (било кои чоколадни)
100 гр путер
800 гр крем сир по избор
150 гр кисела павлака
300 гр млечно чоколадо
250 гр шеќер
3 јајца
70-80 гр какао
2 рамни супени лажици брашно
Малку ванилин шеќер
200 гр чоколадо за готвење (за глазура, по желба)
200 гр шлаг (за глазура по желба)
Кисела вода или млеко (доколку се одлучите за филување со шлаг)
Како се прави тортата од крем сир и чоколадо…На следната страна

 
Прво припремете ја кората за торта така што ќе го иситните кексот (бисквитите), а путерот растопете го на тивок оган. Доколку имате блендер, можете кексот да го измиксате и во него, за оваа фантастична торта од сирење и чоколадо да има уште повкусна кора. Потоа измешајте го иситнетиот кекс и растопениот путер, па со добиената смеса обложете го садот. Кората би требало да биде околу еден сантиментар дебелина, а тортата обично се прави во кружен сад. Вака подготвената кора ставете ја во замрзнувач да се стегне па почнете со подготовка на филот.
Најпрво со миксер изматете го крем сирот и павлаката, па додадете го шеќерот. Се заедно изматете додека шеќерот сосема не се растопи. Водете сметка за брзината на миксерот, бидејќи оваа мешавина прилично прска додека се мати, па најдобро е да ја матите со најмалата брзина.
Кога шеќерот сосема ќе се растопи, додавајте едно по едно јајце, со непрекинато матење.
Потоа додадете го ванилиниот шеќер и какаото, а на крајот брашното и се добро соединете.
Изрендајте го чоколадото на крупно ренде, па додадете во смесата, со тоа што сега е потребно да измешате рачно.
Вака подготвениот фил претурете го во садот во кој ја подготвивте кората, па ставете во добро загреана рерна. Рерната веднаш намалете ја на 200 степени и печете. Кога фантастичната торта од крем сир и чоколадо ќе биде испечена, оставете ја да се олади па дури потоа правете прелив. 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, диети, напитоци и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МКФантастична чоколадна торта која не се пече
Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
200 гр кекси (било кои чоколадни)
100 г

Пронајдете не на следниве мрежи: