Со антимакедонска кампања Бугарите се обидуваат да го прикријат нарушувањето на државната граница на Македонија од страна на припадници на Бугарската армија

Неколку дена Бугарија е опфатена од хистерија – бугарски политичари и медиуми бурно реагираа на решението на македонскиот новинар Миленко Неделковски, којшто со токмак ја искрши незаконски поставената плоча на Кајмакчалан.При тоа никој од нив не одбира зборови, не само да го нападне Миленко, а и да ја навреди цела македонска нација и држава.
Со други зборови, Бугарите започнаа антимакедонска кампања, нешто за што со години ја обвинуваат Македонија, а тоа го поставуваат и како услов за наше членство во ЕУ. Се стигна до таму и премиерот на Бугарија Бојко Борисов да се закани со несакани последици, ако Македонија не се огради од Миленко. Борисов уште изјави дека со токмаци не се стигнува до Европа.
Но, да ја анализираме приказната од самиот почеток. Онака како што информираа медиумите, група од Бугарија поставила плоча на Кајмакчалан за паднатите бугарски војници во Првата светска војна. Ако добро се погледаат прилозите на бугарските медиуми станува збор за настан организиран од Министерството за одбрана на Бугарија, а во самиот настан учествувале и војници во униформи, припадници на гардата на претседателот, офицери од Бугарската и од Грчката армија, новинари – поранешни припадници на комунистичката Државна безбедност на Тодор Живков, како и еден пратеник од владејачката ГЕРБ на Борисов.
Самиот настан отвора неколку сериозни прашања и не само заради незаконското поставување на споменик. Прво: Како и по чија покана бугарски војници во униформи влегле на територијата на Република Македонија? Дали ги користеле некој од официјалните гранични премини? Бидејќи нема информација за такво нешто, станува очигледно дека така наречената бугарска воена делегација влегла незаконски во Република Македонија преку Грција.
Кажано со друго зборови државна институција во Бугарија организирала нарушување на државната граница на Република Македонија и нарушување на суверенитетот и интегритетот на нашата држава. Уште повеќе што министерот за одбрана сосема без проблем тоа и го соопшти во бугарскиот парламент.
Создадената хистерија во бугарските медиуми во случајот има една единствена цел – да го прикрие овој шверцерски чин и притоа да ја обвини Република Македонија. Мене лично не ми е јасно поради каква причина Бугарите не побарале официјално барање за поставување на споменикот, или барем официјално барање за влез на воена делегација на територијата на Република Македонија.
Во случајот се нарушени неколку меѓународни правила и норми. Навлегувањето на војска, макар и неколкумина, без да има соодветна покана од конкретната земја е нарушување на територијалниот суверенитет или своевидна окупација. Во самиот чин учествувале и бројни новинарски екипи.
Согласно законите на Република Македонија секоја странска новинарска екипа, која сака да прави прилози и да снима да територијата на државава е должна да побара соодветно барање од Министерството за надворешни работи. Во случајот такво нешто не постоти. Трето: Во самиот настан учествувал и свештеник, којшто очигледно не побарал дозвола од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што е нарушување на црковните правила и норми.
Прави впечаток дека Бугарската црква очигледно не сакала да ги наруши овие правила и своите односи со Македонската православна црква – ОА, коишто во последно време се во подем, па така групава си најмила грчки архимандрит. Симптоматично е тоа што македонските институции не реагирале, како по обичај, со цел да остават простор за подобрување на односите со Бугарија.
Но, што би било доколку македонска воена делегација незаконски влезе во Бугарија и во Пиринска Македонија постави споменик да речеме на паднатите херои за обединувањето на Македонија? Паметам како една група македонски граѓани, членови на здружението Тодор Александров, самоиницијативно пред неколку години отидоа на гробот на македонскиот револуционер на Пирин Планина и на јарболот го поставија македонското знаме. Настанот заврши, знамето беше прибрано. Но бугарските медиуми повторно ги опфати хистерија, оценувајќи го овој настан, патем организиран во приватна режија, како срамно поигрување со Бугарија. Што во случајот требаше да направи Македонија?
Како требаше да ја смета групата? За нелегални емигранти кои што поставиле споменик, или за шверцерска група, или за воена делегација која што незаконски влегла на наша територија и уште по незаконски поставила споменик? Разбирливо е дека во Бугарија тече кампања за претседателски избори, а како по обичај Македонија е секогаш дел од изборните процеси кај нашиот источен сосед. Впрочем формулата антибугарска кампања во Македонија беше измислена по време на претседателски избори, кога беше избран Георги Прванов, а еден од авторите на оваа формулација е и сопственикот на Агенцијата Фокус – Красимир Узнунов, кој патем има викендица во Грција и од години е на платен список на грчките служби, заедно со неговиот пријател и познат антимакедонец Божидар Димтров.
Јавна тајна е во Бугарија дека „познавачите„ на македонското прашање и така наречени патриоти со години добиваат финансиска помош од Грција. Што би се рекло, со еден куршум да зајаци – од една страна плукањето по Македонија секогаш е популарно во Бугарија, од друга страна џебот полн. Не случајно истите со години имаат голем интерес кон проблемот со името, а по времето кога Божидар Димитров беше пратеник од партијата на Борисов се стигна и дотаму бугарскиот премиер да кажува кое име ни го бендисува, кое не.
Поставувањето на споменик, со учество на бугарски и грчки војници и офицери во случајот ниту е наивно, уште помалку случајно. Борисов смета дека кршењето на споменик не е европски чин, но според него нарушувањето на државната граница на соседна држава е сосема европско дело. Бугарија ќе направи десет години од како стана член на ЕУ, но така и не научи да има европско поведение. Македонија од своја страна покажа трпение и обид за добрососедски односи – нешто кое што очигледно не се оценува во Бугарија, земја која организира криминални структури, да ловат емигранти на бугарско-турската граница. Дали Македонија исто треба да организира доброволци, по примерот на Бугаринот Динко, којшто во се закани на Миленко и по бугарскиот „европски„ пример да ловат бугарски војници долж македонската граница?
Дали Македонија реципрочно, по бугарскиот пример, треба да забрани влез на учесниците на овој безобразен чин, заедно со бугарскиот пратеник, плус министерот за одбрана, плус претседателот, кој командува со армијата и чиј што припадници на гардата учествуваа на настанот? Еден пратеник, поранешен агент на тајните служби на Тодор Живков, од парламентарната говорница апелира за отповикување на бугарскиот амбасадор во Република Македонија. По мое мислење амбасадорот не треба да биде отповикан, а требаше да биде протеран, додека Бугарија официјално не се извини за овој шверцерски чин.
Да поставувањето и рушењето на споменик повеќе или помалку е емотивно дело, како за Бугарите, така и за Македонците. Бугарите со години се доени со фалсификувана историја и тези дека бугарските фашистички војски во Македонија не биле окупатори, а ослободители. За Македонците е неприфатливо окупаторски војски да ставаат споменици, при тоа да заборават на илјадниците убиени Македонци, кои што присилно биле мобилизирани во Бугарската, Грчката и Српската војска. Независно од тоа, Македонија секогаш излегувала во пресрет како на Бугарија, така и на Србија, дозволувајќи им да реставрираат споменици и да оддаваат почит на загинатите.
Но, никој досега не се сетил да крене споменик на загинатите Македонци. Бугарија како учесник во двете светски војни е причина за смртта на илјадници Македонци, некои од нов загинати директно од бугарски куршум, борејќи се за слободата на Македонија. Таквата историја не се учи во Бугарија. Не се учат и загинатите младенци крај Ваташа, за кои до ден денес бугарските политичари не најдоа за згодно да положат цвеќе.
Наместо тоа, полесно е да се искриви вистината и да се создава хистерија. Ние во Македонија немаме проблем со тоа. Ние знаеме кои сме. Проблемот е што поголемиот дел од Бугарите сметаат дека некој во Македонија ги мрази. И сето тоа заради грст „патриоти„ со големи сметки во банка и редовни донации од различни служби. „Европско„ нели?
Зоран ТалевскиПри тоа никој од нив не одбира зборови, не само да го нападне Миленко, а и да ја навреди цела македонска нација и држава.
Со други зборови,

Пронајдете не на следниве мрежи: