Бордот на Европски студенти по технологија (БЕСТ), по четврти пат им нуди шанса на студентите да ја покажат својата креативност, знаење и инженерски способности со учество на овогодинешниот локелен Европски БЕСТ инжeнерски натпревар- EBEC.
Во прилог на овогодинешниот инженерски натпревар EBEC, решивме да направиме кратко интервју со главните организатори Христијан Пејчиноски и Дејан Јанкоски, кои ќе објаснат што претставува EBEC и како студентите може да бидат дел од него.
1. Што претставува EBEC?
European BEST Enginеering Competition или инженерски натпревар претставува место каде што студентите со инженерски дух групирани во тимови ја покажуваат својата креативност и создаваат нови иновативни решенија.
2. Која е мотивацијата што им ја давате на студентите да се пријават на овој натпревар?
За прв пат оваа година тимовите кои ќе победат во двете категории одат на регионалниот инженерски натпревар кој ќе се одржи во Софија. Доколку пак победат и таму одат на европскиот натпревар кој ќе се одржи во Варшава. Воедно тука се и вредните награди како и многу дружење и забава.
Студентите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини пред претставници на успешни компании од републиката кои се наши подржувачи оваа година.
3. Дали е тешко да се организира еден ваков натпревар и колку време е потребно за сето тоа?
Пред се одличен предизвик за нас самите организатори, кои впрочем сме студенти. Заедно со целиот тим од БЕСТ Скопје не беше многу тешко.Временски тоа трае околу 4 месеци за кои ние навистина уживавме во секој ден поминат знаејќи дека создаваме нешто за другите студенти.
4. Дали е тешко да си организатор на еден ваков настан?
Дејан: Не е тешко, доколку работиш со колеги кои навремено и одговорно си ги извршуваат зададените задачи.
Христијан: Па реално понекогаш знае да биде многу напорно меѓутоа со добра организација на времето и со помош на многу позитивни луѓе околу тебе кои постојано те мотивираат, ништо не е тешко.
5. Колку EBEC натпревари организирала БЕСТ Скопје до сега?
Досега се органзирани три успешни инженерски натпревари за кои студентите, компаниите и универзитетите имаат покажано голем интерес и од година во година овој натпревар станува препознатлив бренд.
6. Од кого најмногу имате поддршка?
На овој натпревар наш главен подржувач е ФИНКИ, а имаме и голема подршка од другите технички факултети. Исто така имаме подршка и од неколку успешни ИТ компании.
7. Кога и каде ќе се одржи овогодинешниот натпревар?
Датумите се следните:
25.02 Свечено отварање и форумска расправа
26.02 Case study
27.02 Team Design
Натпреварот ќе се одршува во просториите на Машинскиот и Факултетот за Електротехника и информациски технологии – Скопје. Сите кои сакаат да присуствуваат и да видат како тоа изгледа се добредојдени.
8. Каде може да се пријават заинтересираните студенти и што е потребно за пријавување?
Пријавувањето е на следниот линк и ќе трае до 23.02 (сабота). На овој натпревар може да земат учество сите студенти на Униуверзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Бордот на Европски студенти по технологија (БЕСТ), по четврти пат им нуди шанса на студентите да ја покажат свој