Секој ден можете да имате убава коса направена со стил која ќе изгледа природно и секси, а сето тоа користејќи се со единствениот трик за секси бранови на вашата коса.
Сакате секогаш да изгледате дотерано и патите за кадрици, но вашата коса е се пооштетена благодарејќи на фигарото и пеглите за коса? Оваа сезона заборавете на апаратите за кои е потребна струја, и направете си фризура со помош на наједноставниот трик на светот – плетенка!
Постапката е многу едноставна, но ако сте заборавиле на него ви претставуваме неколку кратки упатства:
1. Измијте ја косата и исушете ја со помош на фен или на воздух.
2. Нежно напрскајте на косата некој производ за стилизирање.
3. Сплетете си две или три цврсти плетенки, во зависност од густината на вашата коса и ефектот кој сакате да го постигнете.
4. Нежно напрскајте лак за коса.
5. Оставите ги плетенките во текот на ноќта.
6. Следното утро, отплетете ги плетенките, нежно расчешлајте се со помош на прстите и уживајте во својата нова секси фризура која ќе трае со денови. Ако сакате поситни бранови, направете си осум помали плетенки.
Фризура: лабави и секси цик – цак бранови.
Модел: Ешли Бенсон.
Вложен труд: максимален.
Резултат: секси фризура и здрава коса.
Неможевте ни да претпоставите дека е толку едноставно?!
Секој ден можете да имате убава коса направена со стил која ќе изгледа природно и секси, а сето тоа користејќи се со е