Со средства од Европската унија, почна обновата на патот во општината Конче

Скопје, 10.06.2016 – Почна санацијата на патот во општина Конче кој беше оштетен во минатогодишните поплави. Во најлоша состојба е делот што ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец со општината, кој е под постојан удар на надојдената вода предизвикана од поројните дождови.  Патот се санира целосно со средства од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
„Поплавите минатата година беа страшни. Секојдневното поминување по патот, особено во месеците кои изобилуваат со дождови претставува проблем и голема опасност“, вели градоначалникот Благој Јованов. „Задоволни сме што почна реконструкцијата и се надеваме ќе заврши во предвидениот рок. Овој дел од патот не е реконструиран речиси половина век. Направен е во 80-тите години од 20-от век и досега, речиси 50 години, немало никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација“.
По овој пат се одвива целиот приватен и деловен живот на жителите. Учениците патуваат на училиште, вработените на работа, земјоделците кон своите ниви, а болните во болница.
„Јас превезувам деца во училиште. Секојдневно патуваат 40 тина деца од селата д.Липовиќ, г. Липовоиќ и Ракитец до основното училиште во Конче,  а 27 ученици патуваат до средното училиште во Радовиш. Откако ќе се реконструира патот, овие деца ќе можат безбедно, без проблеми да патуваат на училиште“, вели Зоран Јованов, превозник од село Лубница, општина Конче.
Обновата на патот во должина од 6,5 километри треба да заврши за пет месеци, а санацијата ќе чини 188.000 евра. Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од ЕУ во рамки на Програмата за санација на штетите од поплавите во 2015 година. Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и комуникации, Јавното претпријатие за државни патишта и лолалните власти.  Патот се санира целосно со средства од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, а се спроведува

Пронајдете не на следниве мрежи: