Со што се бркаат вампирите во македонските преданија?

Во повеќето филмови за вампири, се употребуваат лук и колец кој се забодува во срцето со цел да се убие вампирот. Сепак во македонските преданија каде се спомнуваат вампирите постојат други начини на нивно убивање.
Прв чекор за протерување вампири во македонските преданија е употребата на темјан.
Во основа на оваа постапка лежи верувањето дека сите  нечисти сили бегаат од миризбата на тамјанот. Народот велел дека е поарно, додека горел темјанот, поп да чита молитва, за на тој начин да може успешно да се протераат вампирите.
Други пак легенди велат дека за да се спасат од вампир се ставало трње пред прагот, тој да се боцне, па да умре од својата крв.
Селаните кои се плашеле од вампири спиеле со запалени свеќи или пак во дворот цела ноќ им горел оган, оти вампирите се плашеле од пламени.
Исто така, против вампирите се користи крст со катран нацртан на вратата од куќата, железото, лук, звук на ѕвоно, или шилести предмети, какоо што се објаснува во повеќето македонски преданија поврзани со вампирите.  

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.