Сочен колач со јаболка, рогач и цимет

Сезона на јаболка, па еве со комбинација на цимет и рогач, настана многу сочен, кревок колач. Пробајте го. Во вангличка ги ставме јајцата и шеќерот и матиме се додека не добиеме густа смеса.Со исклучен миксер ги додаваме млекото, маслото, циметот, лешниците, рогачот, брашното, пецивото, содата и некое зрно сол. Многу лесно промешуваме за да се соединат состојките. Сега измиените јаболка ги лупиме, рендаме на крупната страна на рендето и ги додаваме во претходно соединетите состојки. Соединуваме. Смесата ја истураме во мала ростер тава, која претходно е танко премачкана со масло и на која има малку посипано брашно. Печиме околу 30 минути на 190 с. За тоа време ја загреваме слатката павлака. Во неа го додаваме искршеното чоколадо и мешаме да се соединат. Оставаме испечениот колач да се подизлади па го прелеваме со топлиот ганаш. После еден час сечиме на штангли и послужуваме.Со исклучен миксер ги додаваме млекото, маслото, циметот, лешниците, рогачот, брашното, пецивото, содата и некое зрно сол. Многу лесно промешуваме

Пронајдете не на следниве мрежи: