Сочно полнето пилешко!

Идеја за вкусен ручек! Пилешкото е секогаш добар избор. Здраво е, вкусно и брзо се подготвува. Пилешкото месо е навистина добро за здравјето, а е и многу вкусно доколку го приготвите на вистински начин. Затоа ви предложуваме еден рецепт.
Потребни состојки:
– 50 г спанаќ
– 50 г рикота
– Бело пилешко месо
– Кашкавал
– Зачини
Подготовка:
Пропржете го спанаќот во малку масло. Потребни се неколку минути за спанаќот да спласне. Потоа додадете кашкавал и помешајте смесата да се соедини.
Белото пилешко месо исецкајте го на неколку места, а потоа браздите пополнете ги со смесата од спанаќ и кашкавал. Зачинете по желба. Преку пилешкото посипете малку рендан кашкавал и на крај ставете малку мелен бибер. Ако сакате пикантна храна, можете да ставите буковец. Пилешкото печете го 25-30 минути на температура од 200 степени.
Добар апетит!Пилешкото месо е навистина добро за здравјето, а е и многу вкусно доколку го приготвите на вистински начин. Затоа ви предложуваме еден рецепт.

Пронајдете не на следниве мрежи: