Откако „паднаа“ серверите на Фејсбук, поради многумина македонски корисници кои со брзина на светлината објавија статус на своите Фејсбук профили за поставената вртелешка на плоштадот „Македонија“ во Скопје, беше откриен натрапникот кој тоа не го стори.
Станува збор за 22 годишна девојка од Скопје која сеуште нема објавено статус на својот Фејсбук профил за случувањата на плоштад Македонија, односно за поставувањето на италијанската вртелешка.
Сеуште останува нејасно дали девојката е недоволно инфомрирана, нема свое мислење или можеби е зафатена со задоволување на своите потреби.
Останува да видиме дали ќе се активира со статус на својот профил за вртелешката на плоштад, па и таа да биде една од многумина кои ги „бутнаа“ серверите на Фејсбук откако беа напишани милиони статуси со најразлични мислења за поставената италијанска вртелешка.
Оваа вест има за цел да ве насмее и да ви го прикаже однесувањето на Македонецот откако нешто ново ќе биде донесено во Македонија и како всушност реагираат луѓето во вакви ситуации. Откако „паднаа“ серверите на Фејсбук, поради многумина македонски корисници кои со брзина на светлината об