Шокантно: Руски војник преживеал пет години затворен во јама од кои две години не јадел ништо!

Саша Воронцов, руски војник, поминал пет години во чеченски затвор, две години не му давале да јаде, на него вежбале борба гради во гради, неколку пати пукале директно во него, но пак не успеале да го убијатНеговиот полковник Антоније Мајншин, раскажува како за време на првата чеченска војна, 1995-та година, неговата војска добила наредба да ги блокира нападите на чеченските воени групи во Веденската клисура.”Таму постои едно место Ханцелак, кое во превод од чеченски значи – мртва клисура. Таму нашата група ја чекаше заседа. Заседа – тоа е сигурна смрт: водечка и последна машина за онеспособување и на вас методично пукаат од висина. Групата која ќе падне во заседа преживува максимум 20 до 25 минути, а после тоа тоа место станува нивна братска гробница. Преку радио станиците побарале воена поддршка од воздух и мојата група веднаш ја испратија на помош. Пристигнавме за 15 минути. Хеликоптерите ја неутрализираа огнената позиција на брдата над нас и на наше големо изненадување групата речиси во потполност беше спасена. Недостасуваше само Саша Воронцов.”, раскажува полковникот. 

 

Саша бил снајперист, седел на водечкото возило и со експлозијата бил исфрлен во долината 40-50 метри надолу. “Почнале да го бараат но, не можеле да го најдат. Се стемнувало, пронашле крв на карпите, но него никаде го немало. Се случило најлошото. Бил оформен тим за потрага и спасување, го барале три дена по планините, влегувале во текот на ноќта дури и во селата под контрола на непријателите, но Саша никаде го немало. Го отпишале како исчезнат и го препорачале за медал за храброст”, додава Антоније.
Пет години покасно, во Аргунската клисура во Шатојскиот регион имало населен пункт Итум-Кале, а за време на блокадата во пунктот мирните жители го информирале полковникот дека кај нив во темнина, во јама лежи веќе пет години еден руски припадник на специјалните сили.

Саша Воронцов пет години во таа јама вршел нужда, живеел, спиел, а два до три пати неделно го ваделе да работи, да ги копа чеченските тврдини. На него Чеченците се вежбале и се обучувале за борба „гради во гради“ и „борба со ножеви“. Тие се обидувале со нож да го прободат в срце, а тој се обидувал со голи раце да се одбрани.

Во нашите специјални единици момците се добро обучени, но тој бил измачен, не можел да им пружи отпор, ги промашувал, така што рацете му беа исечени. Тој падна пред нас на колена, не можеше да говори, плачеше и се смееше, а потоа изговори: “Момци, ве чекав пет години”. Ние го земавме на раце, го загреавме, го облековме. Тој потоа ни раскажа што се случувало со него во текот на петте години. Бевме со него една недела, храната беше богата и разновидна, но тој парче леб јадеше со часови, неговите вкусови атрофирале за пет години, ми рече дека две години воопшто не го хранеле.
Прашувам: “Како преживеа?”, а тој вели: “Можете ли да замислите командире, го бакнував крстот, се молев, јадев глина. На зима јадев снег”. “Па како?”, прашувам. А тој вели: “Знаете тие глинени топчиња ми беа послатки од домашна пита. Благословените топчиња од снег беа послатки од мед”.Пет пати го стрелале на Велигден. Да не побегне, му ги пресекле тетивите на нозете, не можел да стои. Го ставале на работ на карпи, тој клечел, а на 15- 20 метри од него стоеле неколку луѓе со автомати подготвени да пукаат.Велат: “Моли се на својот Бог, ако Бог постои, тој ќе те спаси”. И тој се молел, уште ми е во ушите таа молитва. “Господе Исусе, мој надраг, Христосе мој преубав, ако ти е по срце, јас ќе поживеам уште малку, затвора очи”. Затвора очи и се крсти. Тие го притискаат чкрапалото, но нема пукање. И така два пати, нема пукање. Повторно репетираат, нема пукање. Менуваат шаржери, повторно ништо, менуваат автомати, ништо.Приоѓаат и велат: “Има крст”. Не можат да го стрелаат бидејќи има крст. А тој вели: “Не го ставив јас тој крст, туку свештеникот на крштевање ми го дал, нема да го извадам”. Тие ги пружаат рацете да го откинат крстот, а на половина метри од мене Светиот дух ги обвива, тие паѓаат на колена и на земја. Го тепале со кундаците од автоматите и го фрлиле во јама, но не можеле да го убијат, само му предизвикале исеченици.И така е тоа во животот. Мојот последен командир, херојот на Русија Шадрин рекол: “Животот е чудна и преубава работа”.Во Саша се заљубила чеченска девојка, од него многу помлада. Имала 16 години. Таа три години му носела козјо млеко. Родителите ја фатиле на дело, ја претепале речиси до смрт, и ја заврзувале во тесна соба. Нејзиното име е Ассел.”Бев во таа тесна соба, таму е многу ладно, дури и во летните месеци, има мали прозорци и заклучена врата со катанци. Ја врзуваа, но таа успеваше навечер, да излезе низ прозорецот, да ја измолзе козата и да донесе млеко” – вели Саша.

Ассел ја понесе со себе, таа се крстила и сега се вика Ана, се венчаа и имаат две деца, Кирил и Маша. Се сретнавме во Псков – Пештерски манастир. Се прегрнавме, плачевме и двајцата, и тој се ми раскажа. Сакаше да го однесам кај старецот Адриан. Поминаа 40 минути. Саша излезе со насмевка на лицето од кај старецот Адриан и вели: “На ништо не се сеќавам, како да разговарав со сонцето”. А во дланката имаше клуч од куќа. Свештеникот им дал клуч од куќа на една стара монахиња, која и припаѓала на манастирот.
И најважната работа која ми ја кажа Саша на разделбата “Јас поминав толку години во јама и толку плачев што сета глина под мене беше мокра од солзи, гледав во ѕвезденото небо и барав спас од мојот Спасител, плачев како дете, го барав својот Бог и на тој начин својот живот и душа ги препуштив во негови раце и на милоста божја”, рекол Саша.Неговиот полковник Антоније Мајншин, раскажува како за време на првата чеченска војна, 1995-та година, неговата војска добила наредба да ги блокира

Пронајдете не на следниве мрежи: