Со новиот Предлог закон за медиуми, најголемата опозициска партија преку соросовите НВО се обидува да воспостави целосна контрола врз медиумите, што практично ќе значи вовед во цензура, а дополнително соросовите активисти за реализација на наредбите на Заев ќе имаат баснословни примања.СДСМ со цензорскиот закон предлага СОРОС да го формира речиси целиот Совет на агенцијата за медиуми, со што оваа институција не би била ништо друго освен продолжена рака на СДСМ. Покрај целосната доминација во Советот, СДСМ сака НВО на СОРОС да имаат целосна доминација и во МРТ.
СДСМ предлага СОРОС да ја врши валканата работа на Заев околу цензурата и за тоа активисти на соросовата фондација во земјава да земаат над 4 просечни плати месечно.
-Членовите на Советот се професионално ангажирани во Агенцијата со полно работно време со право на месечен надоместок во висина до четири просечни месечни плати во Република Македонија според податоците објавени од Државниот завод за статистика, согласно со Деловникот за работа на Агенцијата, стои во законот предложен од СДСМ.
На овој начин, СОРОС би имал 3 свои претставници во Советот, 2 од НВО и еден од Зружението на новинари на Македонија, кое како што е познато во јавноста реагира само по наредба од партиската централа на СДСМ. Соросовиот Совет во Агенцијата за медиуми ќе може по сопствено убедување и според желбите на СДСМ да казнува и затвора медиуми.
Со членовите на СОРОС и ЗНМ во Советот, чија плата месечно ќе биде поглема од 4 просечни плати, СДСМ како никаде во Европа се обидува целосно да воспостави контрола врз медиумите и да укине било каква слобода на изразување.СДСМ со цензорскиот закон предлага СОРОС да го формира речиси целиот Совет на агенцијата за медиуми, со што оваа институција не би била ништо друго