Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со економскиот тим на партијата одржа состанок на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции на кој беа разгледувани повеќе теми и области поврзани со странските инвестиции, извозот од зоните, поддршката на странските и домашните компании, зајакнување на соработката со бизнис секторот, како и статусот на повеќе конкретни проекти кои се одвиваат и на кои се работи во ова поле.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја посочи важноста на странските инвестиции за целокупниот развој на Република Македонија и на позитивниот ефект кој го имаат во насока на поткрепа и развивање на стандардот на граѓаните што преставува и главна цел на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Беше истакнато дека политичката криза иако го намали интензитетот и негативно се одразува врз економскиот развој, упорноста на економскиот тим дава позитивнии резултати.
Беше констатирано дека извозот од технолошко индустриско развојните зони во првите 5 месеци од годинава е рекордно зголемен за над 28 % во однос на минатата година овој период. Инаку вкупниот износ, изразен во евра за првите 5 месеци од годинава надмина 715 милиони евра, а само во месец мај имаме зголемување на извозот за 20% споредено со истиот месец ланската година, и истиот изнесува 150 милиони евра.
На состанокот беше посочено дека бројот на вработени во фабриките на техолошко индустриско развојните зони постојано се зголемува, а растењето и развојот на извозот на странските компании преставува и значаен инпут и за домашните компании кои соработуваат со нив како добавувачи.
Само лани домашните компании купиле стоки во вредност блиску 50 милиони евра од домашните компании кои останале на сметките во домашното стопанство.
Груевски посочи дека токму поддршката на домашното стопанство, во комбинација креирањето на добра бинзис клима и привлекувањето на странски инвестиции придонесе за рекордно ниско ниво на невработеност од 24.5% што е додатно намалување од 2.8% за само една година со што се потврдува кредибилноста и успешноста на поликите кои се водат на тој план.
Беше констатирано дека бројката на странски инвестиции во оваа година и покрај политичките турбуленции и нестабилност се движи добро. Минатата година се заврши со 30 странски инвестиции, а во првите 5 месеци од оваа година има 17 странски инвестици на компании кои објавиле, почнале со градба или производство.
Истовремено и се работи на вмрежување на македонски домашни компании кои ќе соработуваат со странски партнери. Последен таков пример, е потпишаниот за соработка меѓу македонски и естонски ИТ компании на иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација. Се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари со што ќе се овозможи трансфер на знаење и технологии и учество во ителектуалната сопственост на овие развиени производи.
Беше разговарано за прогресот на разговорите со повеќе оделни компании со кој подолг временски период се договара соработка, како и темите и областите за кои нивните менаџменти се интересираат.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја посочи важноста на странските инвестиции за целокупниот развој на Република Македонија и на позитив