Совети како Аеродромци да се заштитат од топлото време

ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во соработка со Општина Аеродром во текот на летниот период на повеќе локации низ општината организира акции со бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови.Акциите за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време во периодот од 18:30 до 21:30 часот ќе се спроведат на повеќе локации на територијата на општината, и тоа:

парк со езерата  на 14.7.2016 година (четврток),

парк „Јане Сандански“ на 19.7.2016 година (вторник),

парк „Аеродром“ на 24.7.2016 година (недела),

парк со езерата на 29.7.2016 година (петок).

Според општите препораки за полесно справување со високите температури, пожелно е граѓаните да консумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11:00 до 17:00 часот.
Акција за бесплатни превентивни прегледи за граѓаните од топлото време ќе се организираат и во текот на август, а  ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.Акциите за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време во периодот од 18:30 до 21:30 часот ќе се спровед

Пронајдете не на следниве мрежи: