Совети за подобро мотивационо писмо

CV-то и мотивационото писмо се првото нешто од кое работодавецот добива информации за вас, па затоа тие секогаш треба да изгледаат прегледно, средено и без грешки. Еве неколку совети како да го подобрите вашето мотивационо писмо.
Мотивационото писмо треба да биде организирано и без печатни и граматички грешки.
Мотивационото писмо не е есеј. Многу често луѓето сметаат дека стилот на пишување за мотивационото писмо треба да биде ист како за есеј, но тоа не треба да биде така. Стилот на пишување не треба да биде премногу „филозофски“.
Параграфите треба да бидат видливо одделени. Мотивационото писмо треба да има убав изглед и лесно да може човек да се ориентира во него.
Не експериментирајте многу со дизајн или фонтови. Ако кандидирате за посериозна позиција, вашето писмо треба да има формален изглед. Доколку кандидирате за позиција дизајнер, можете да експериментирате со малку боја и понестандардни фонтови, но сето тоа да е направено со вкус.
Внимавајте за грешки. Печатните и граматичките грешки не треба да бидат дел од мотивационото писмо. Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа пак прочитајте го писмото неколку пати.
Побарајте критика. Побарајте некој ваш близок да го прочита писмото и да ви даде конструктивна критика.CV-то и мотивационото писмо се првото нешто од кое работодавецот добива информации за вас, па затоа тие секогаш треба

Пронајдете не на следниве мрежи: