Своеволието на советниците од мнозинството на Советот на општина Берово кој го има советничката група од коалицијата на СДСМ продолжува и на 27-мата седница на која беа предлог Програмите за работа на општина Берово во 2016 година.На почетокот на оваа седница советниците не го изгласаа предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за поместување на втората и третата точка од дневниот ред на кои се констатираше оставката на двајца советници од оваа советничка група, со што работата продолжи со само 13 советници и апсолутна доминација на мнозинството во извршувањето на своите популистички намери и методи.
Советниците од советничката група на СДСМ навлезе во распределувањето на средства од програмите за работа на општина Берово за 2016 година, пренаменувајќи ставки и скратување на средства во одредени програми и покрај тоа што истите се изработени во согласност со потребите на населението во општина Берово и во согласност со потребите за работењето на општина Берово за 2016 година.
Советниците целосно го променија балансот на средства во одредени програми, со што закочија реализација на програмски активности во меѓународната сфера и промоција на општина Берово во државни и меѓународни рамки, додека противзаконски сакаат да ги земат и овластувањата на градоначалникот на општина Берово во сферата на социјалната заштита и доделување на средства за помош на социјално ранливи категории и лица на кои им е потребна помош и покрај укажувањата на стручните служби од општинската јавна администрација за незаконитоста во одредени одлуки кои беа донесени.
И на оваа седница во Буџетот на општина Берово не беа проектирани средствата од 1.047.000 денари од Владата на РМ наменети за образовните институции, културна дејности и протовпожарна заштите, додека советниците од мнозинството на СДСМ и понатаму продолжува да ја кочи работата на домот за стари лица во Берово од страна.На почетокот на оваа седница советниците не го изгласаа предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за поместување на втората и третата точка од