Советот на Општина Кочани го донесе новиот Генерален урбанистички план за Кочани

На денешната седница, Советот на Општина Кочани го донесе новиот Генерален урбанистички план за град Кочани за планскиот период од 2013 до 2023 година.По седницата, градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека е донесен најважниот плански документ за Кочани.
– Општина Кочани водеше постапка за донесување на нов ГУП за град Кочани од октомври 2013 година и со задоволство може да соопштиме дека за него е добиена согласност од Министерството за траснпорт за врски и денес е донесен од Советот на Општина Кочани. Ова е значаен чекор за планирањето на развојот на Кочани за планскиот период од 10 години (2013–2023), рече Димитровски.
Површината на планскиот опфат со новиот ГУП изнесува 1033,27 ха, што е за 217 ха повеќе од површината на претходниот ГУП.
– Во новиот плански опфат имаме проширувања во јужниот дел од градот на локалитетите Средорек, Слатина и Полјаница сè до магистралниот пат А3, проширувања наменети за лесна и незагадувачка индустрија, големи трговски единици, инфраструктура за железничка станица, простори за спортска сала, хотелски комплекси и домување. Во западниот дел од градот, северно од постојната зона  за лесна индустрија и мало стопанство, над магистралниот канал,  на север сè до улицата  „Страшо Ербапче“ односно до влезот во Бели, извршено е проширување со намена за лесна и незагадувачка индустрија и домување. Мали проширувања има и во северниот дел од градот наменети за домување. Од сообраќајните решенија е планирана нова улица во западниот дел од градот, покрај складот на „Макпетрол“, која претставува врска до регионалниот пат кон Пониква со што ќе се избегне влегување на возила во градското подрачје, односно ќе се воспостави директна врска до СРЦ Пониква, соопшти градоначалникот Димитровски.
Со новиот ГУП за Кочани се планирани 19 градски четврти и понатамошната разработка на Деталните урбанистички планови ќе биде по градски четврти.
Димитровски нагласи дека придобивките од новиот генерален урбанистички план се посебно значајни, затоа што ќе се овозможи побрз и поквалитетен економски развој со новопланираните површини за индустрија, трговски комплекси и со новите сообраќајни врски.
 По седницата, градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека е донесен најважниот плански документ за Кочани.
– Општина

Пронајдете не на следниве мрежи: