Доколку сакате да припремите совршен оброк за вашите најмили, ви го препорачуваме пилешкото во зелена салата. Се надеваме дека ќе уживате!
Состојки:
300 гр. пилешки гради
100 гр. варен грашок
100 гр. тиквички
10 зелени маслинки
1 кромид
1 дл. суво бело вино
масло
сол и црн пипер.
Подготовка:
Испржете го ситно сецканиот кромид во тавче со малку масло, па додадете тиквички исецкани на стапчиња, варен грашок и зелени маслинки.
Динстајте на силна температура 5-7 минути, прелејте со вино и варете додека течноста сосема не испари. Потоа, додадете пилешко исецкано на стапчиња и динстајте на умерена температура 15-20 минути, додека не омекне. Повремено промешувајте и долејте вода, за зеленчукот и месото да не се исушат. Пред крајот, посолете и побиберете.
Состојки:
300 гр. пилешки гради
100 гр. варен грашок
100 гр. тиквички
10 зелен