Превкусен десерт кој едноставно морате да го направите!Состојки: 100 гр млечно чоколадо, 3 јајца, 150 г шеќер, 200 гр малини, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 лажици корнфлекс, 250 гр несолено крем сирење, 150 мл слатка павлака.
Подготовка: Изматете ги јајцата со 50 грама шеќер, додадете го стопеното млечно чоколадо и една третина од слатката павлака и изматете во мазна смеса. Ставаете во сад за печење обложен со хартија за печење и печете 15 минути во загреана рерна на 150 степени. Печената кора заедно со хартија направете ја во форма на ролат и оставете да се излади на собна температура. Меѓувреме изматете го крем сирењето со остатокот од шеќерот и павлаката. Разладениот ролат премачкајте го со филот(оставете лажица плус за премачкување на ролатот), посипете над него три лажици мелен корнфлекс, на врвот распоредете ги малините и посипете ги со ванила. Завиткајте го ролатот, премачкајте го со преостанатиот фил и посипете со мелен корнфлекс одзгора. Ставете во фрижидер да се излади.Состојки: 100 гр млечно чоколадо, 3 јајца, 150 г шеќер, 200 гр малини, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 лажици корнфлекс, 250 гр несолен