Совршенство од пита: Десерт со темно чоколадо!

Ова е рецепт за совршена пита од темна чоколада. Убаво се сече, совршено оди со сладолед или со шлаг, а, пак, кога ќе се прелее со врел сос од шумско овошје – совршенство!Состојки за тестото:
250 грама брашно
125 грама путер
50 грама шеќер
1 жолчка
1 лажица јогурт или кисело млеко
Кора од рендан лимон
Состојки за филот:
140 грама путер
150 темнa чоколадa за готвење
8 лажици какао во прав
Цимет
4 јајца
200 грама шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
3 лажици мед
3 лажици павлака за готвење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Од сите состојки се замесува тесто, кое потоа се замотува во проѕирна фолија и се остава во фрижидер половина час. Потоа тестото се развлекува и се става во калап. Пред да го ставите да се пече, со виљушка боцнете го неколку пати. Печете го 15 минути. Потоа извадете го да се олади, а температурата во рерната намалете ја на 150 степени.
Подготовка на филот: На пареа растопете ги чоколадата, путерот и какаото и оставете смесата да се олади. Посебно изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додајте ги медот и павлаката за готвење, па сето тоа соединете го со чоколадата. Исипете го филот врз печеното тесто и печете уште 40 минути на 150 степени.
Оваа пита се јаде ладна. Може да ја сервирате со шлаг и со врел сос од шумско овошје. Сосот од овошје може да го направите од мармалад во кој ќе додадете малку вода и потоа мешајќи ќе го стоплите.
Уживајте во вкусната храна.Состојки за тестото:
250 грама брашно
125 грама путер
50 грама шеќер
1 жолчка
1 лажица јог

Пронајдете не на следниве мрежи: