Ова не е никаква sci-fi шега. Имено, научниците развиваат вештачки луѓе на ист начин, како што се развиваат и ГМО растенија, со надеж дека овие креации ќе ја заменат целта за употреба на животни во лабораториските тестирања.Вештачките луѓе ќе се „произведуваат“ за користење на органите кои би можеле да се употребуваат за испитувањето на лекови, што го забрзува процесот на FDA и другите регулаторни агенции на владата кои ги тестираат и ги одобруваат новите лекови за употреба. ГМО луѓето ќе содржат микрочипови со иста големина како и оние кај смартфоните, а ќе бидат програмирани да реплицираат и до 10 големи човечки органи.
Секое човечко ГМО суштество ќе биде малечко – колку самиот микрочип, а ќе симулираат реакции на луѓето на честиците што ги вдишуваат, апсорбираат во крвта, односно кои што се внесуваат во организмот.
Times of India, извести дека научниците со производството на ГМО луѓе, би можеле да заменат и до 90 милиони животни кои секоја година се користат во лабораториите. Уве Маркс, кој е инжинер за ткива од Техничкиот Универзитет во Берлин, како и основач на TissUse – компанијата што ја развива технологијата, рече:
„Доколку нашиот систем биде одобрен од страна на регулаторите, тогаш ќе се затворат голем број на лаборатории кои што вршат тестирања на животни.“
Сето ова укажува дека зад целата оваа приказна стои американската војска, која низ мали врати сака да воведе законско одобрување за создавање на супер војници, кои не бараат храна и спиење за да можат да извршуваат физички подвизи. На ГМО луѓето, или на „супер војниците“, дури повторно ќе можат да им израснат и екстремитети или делови од телото, кои би биле уништени од непријателскиот оган и ќе бидат во можност да живеат од своите масни наслаги подолг временски период.
И додека новите ГМО човечки фарми изгледаат сјајно на хартија бидејќи го елиминираат тестирањето врз животните, сите ги забораваат далекусежните негативни последици на секој обид да се измами сложеноста на природата. Се чини дека фармацевтската индустрија и биотехнологијата, не сакаат да учат од своите грешки, а сето тоа е поради фактот што во зад сето тоа не стои интересот да се заштитат животните, ниту луѓето – туку да се оствари профит, сеедно дали тоа ќе оди преку грбот на мртвите, живите, клонираните, здебелните…
Би можело да ве интересира: Родени се првите ГМО бебиња
Јадењето ГМО храна може да ни го избрише генетскиот кодВештачките луѓе ќе се „произведуваат“ за користење на органите кои би можеле да се употребуваат за испитувањето на лекови, што го забрз