SpaceX успешно ја приземји четвртата последователна ракета, лансирана во блиската орбита.Целта на приземјувањето е во еден прекрасен момент овие ракети Falcon 9 да можат да се користат постојано, што ќе ја намали цената за летот во иднината.
Значи, сонот на Илон Муск и неговата компанија е на пат да биде исполнет. Откако претходно Муск покажа на Твитер фотографија од хангар со сите успешно приземјени ракети Falcon 9 досега, тој објави дека една од нив ќе биде лансирана повторно и тоа наскоро – во септември или октомври.
Главниот извршен директор на SpaceX, првично бараше повторно лансирање на некоја од ракетите во мај или јуни, но тоа не се случи. Сега, изгледа кдека омпанијата веќе е подготвена за иницијативата.
Покрај тоа, Space News известуваат за неколку компании кои изразуваат желба нивни производи да бидат лансирани на веќе лансираната ракета Falcon 9, меѓу кои е и меѓународниот сателитски оператор SES.
Fourth rocket arrives in the hangar. Aiming for first reflight in Sept/Oct. pic.twitter.com/TqW8d6Cc3U
— Elon Musk (@elonmusk) June 7, 2016
Целта на приземјувањето е во еден прекрасен момент овие ракети Falcon 9 да можат да се користат постојано, што ќе ја намали цената за летот во идни